Нејмар збесна, на тренинг се степа со синот на Робињо

Голем скандал го стресе бразилскиот фудбал поради инцидентот кој се случи за време на тренингот на тимот на Сантос, а во главна улога беше Нејмар. Според информациите кои стигнуваат од Бразил, Нејмар се степал со синот на некогашниот бразилски репрезентативец Робињо.

Робињо јуниор кој има само 18 години се најде на мета на речиси двојно постариот Нејмар (34 години) и тоа за време на еден класичен тренинг. Тоа што требаше да биде стандарден тренинг се претвори во хаос и тоа во моментот кога Робињо јуниор успеа да го издрибла Нејмар.

Ѕвездата на Сантос не го прифати овој потег на тинејџерот и веднаш му се нафрли и физички се пресмета со него. Нејмар со нога го удри младиот соиграч, за изненадување на останатите фудбалери.

И младиот Робињо не му остана должен на Нејмар, па му врати со туркање. Од информациите кои доаѓаат, потоа Нејмар повторно реагирал удирајќи му шлаканица на Робињо јуниор.

Засега не е јасно кои ќе бидат чекорите што ќе ги преземат челниците на Сантос.

- Оглас -

Најнови вести