Лацио ќе ги реши проблемите со победа против Кротоне

1001 Њукасл – Челзи (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)

Челзи загуби на последното гостување на „Сент Џејмс“ парк и тој пораз од 1:0 можеше скапо да го чини. Сепак избраниците на Франк Лампард потоа успеаја да стасаат до четвртата позиција во Англија и да играат во Лигата на шампионите.

Сега ситуацијата е малку поинаква, Челзи исклучитечно добро се засили и е голем фаворит против Њукасл. Пулишиќ и Хаверц нема да играат за гостите, но Њукасл има многу поголеми проблеми.

Првиот стрелец Калум Вилсон им е повреден и неговиот настап е неизвесен, а се најавува отсуство и на голманот Дубравка, потоа и на Дамет, Фрејзер, Гејл, Ричи и Шелви.

Тоа е хендикеп што Њукасл тешко ќе го покрие против тим каков што е Челзи. Гостите имаат зицер за победа и ќе типуваме дека ќе го искористат.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

1302 Леванте – Елче (Ла Лига, Шпанија, 14 часот)

Леванте остана без Енис Барди, а за среќа македонскиот репрезентативец сепак ќе избегне операција, што ќе го исфрлеше од строј на подолг период.

Барди за Леванте многу значи, а потврда е признанието за најдобар странец на сите времиња во клубот со над 100-годишна традиција.

Денеска и без него ќе мораат да атакуваат на победа, а иако се ослабени и без Вукчевиќ, Дукуре, Роџер Марти и Мирамон, сепак се фаворити против Елче.

Гостите на исклучително среќен начин се пласираа во Ла Лига, со гол во последните моменти во ланскиот финален бараж против Жирона, но играат солидно во Ла Лига и имаат повеќе победи од порази во досегашните 7 меча.

Леванте и покрај сите проблеми има поквалитететн тим и ќе типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.64)

 

3001 Кротоне – Лацио (Серија А, Италија, 15 часот)

Кротоне е единствената екипа без победа во новата сезона во Серија А, а и сега мисијата да се пробие мразот со прв  триумфот е тешка.

Повратникот во најсилната италијанска лига има скромен, но борбен тим и иако се последни нема да се откажат од битката за опстанок во Серија А.

Проблем на Кротоне е несигурната одбрана која прими дури 17 голови на 7 меча и е најслаба по таа на Беневенто. Лацио има опасни напаѓачи, веројатно ќе се врати и Кралот на стрелците, Чиро Имобиле, па јасно е дека Кротоне тешко ќе му се спротивстави на фаворитот.

Лацио има доста кадровски проблеми, нема да играат Милинковиќ-Савиќ, Луис Фелипе, Ескаланте, оддамна надвор од строј е и Лулиќ, а можно е да не настапат и голманот Стракоша и Прото.

Сепак и покрај долгата листа на отсутни кај гостите, Лацио е многу подобар тим и ќе ги освои бодовите во Кротоне.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

1801 Арминија – Баер (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Арминија почна со победа и реми како повратник во Бундеслигата и потоа стасаа пет порази по ред. Особено тежок беше последниот пред паузата со 0:5 од Унион Берлин.

Уве Нојхаус е сигурен на жешкото тренерско столче на Арминија, тој ги внесе во Бундеслигата, но ако продолжат поразите ништо во Германија не е сигурно.

Проблемот што менаџерот и раководството на клубот ќе мора да го разрешат во зимскиот период е да се купат еден, или двајца квалитетни напаѓачи. Досега на 7 меча Арминија постигна само 4 гола, што е премалку за да се издржи трката за опстанок во Бундеслигата.

Баер е единствениот тим со Волфбсург што се уште нема пораз во новата сезона во германското првенство, а очекуваме серијата да продолжи со победа на „Шуко арена“ во Билефелд.

Предлог тип: 2 (1.60)

 

1002 Астон Вила – Брајтон (Премиерлига, Англија, 16 часот)

Астон Вила игра фајтерски фудбал, за гол повеќе, а се уште им се памети брилијантната изведба против шампионот Ливерпул и победата од 7:2.

Џек Грилиш е моторот на екипата, а со импресивните игри стаса и до место во репрезентацијата на Англија. Се распука засилувањето Оли Воткинс и Вила одлично гази во Премиерлигата.

Тие се во кругот на трите тима заедно со Лестер и Арсенал што се уште не одиграле нерешено во новата сезона од Премиерлигата.

Брајтон има скромен старт, нанижа и пет меча без победа, а ќе им недостасуваат Тросар, Пропер, Андоне, Мек Алистер и уште неколку играчи. Сепак и Брајтон дава и прима доста голови како и Вила, па очекуваме нов убав и ефикасен меч во Бирмингем.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.02)

 

Квоти на денот во Sport Life се:  

Вилјареал – Реал Мадрид Х2&ГГ (2.30)

Јувентус – Калјари 1-3I&1-3II (1.90)

Манчестер јунајтед – ВБА Т1 1+I& T1 3+ (2.80) 

 

 

- Оглас -

Најнови вести