Васоски во германски стил, најавува сигурни победи на фаворитите со многу голови во Бундеслигата

1803 Борусија Дортмунд – Келн (Сабота, 15.30 часот)

Сите адути се на страната на домаќинот, а Борусија има квалитет да го реши мечот против Келн уште во првото полувреме.

Милионерите стандардно, повторно се кандидати за титулата, а против Келн играат одлично. Имаат четири победипо ред со вкупна гол-разлика од 16:4, а во таа серија двапати успеваа да му дадат на денешниот гостин по пет гола.

Келн игра слабо на почетокот на сезоната во Бундеслигата, заедно со Шалке 04 се единствените два тима без победа и така ќе остане и по денешниот меч на „Вестфален“ на кој очекувам ефектна победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.35)

 

1804 Лајпциг – Арминија Билефелд (Сабота, 15.30 часот)

Арминија тргна добро во новата сезона, забележа победа и реми во прволигашкиот кам-бек, но потоа ја почуствуваа силата на квалитетното германско првенство.

Шест порази по ред е за палење на алармот во Билефелд, но Лајпциг е тежок ривал за вадење и за почеток на излез од кризата за новиот бундеслигаш.

Лајпциг ќе одмори доста првотимци, најавено е дека нема да играат Клостерман, Хартман, Хванг, Халстерман и Лајмер, но и тоа тешко дека ќе и помогне на Арминија да се спаси од убедлив пораз.

Предлог тип: 1-1&4+ (3.20)

 

1805 Штутгарт – Баерн Минхен (Сабота, 15.30 часот)

Старото добро дерби меѓу две од шестте најтрофејни екипи во Германија овојпат нема да биде неизвесно. Штутгарт го победи Баерн пред две години со сенационални 4:1 во Минхен, но има многу лош биланс против 30-кратниот првак.

Добро е што Штутгарт игра офанзивен фудбал и е меѓу најефикасните екипи во Бундеслигата што ветува спектакл на „Мерцедес-Бенц“ арена.

Голем хендикеп за домаќините ќе биде отсуството на најдобриуотстрелец Николас Гонзалес, па Баерн е уштепоголем фаворит за победа.

Актуелниот европски и германски шампион продолжува да игра фантастичен фудбал и во моментов е пресилен за Штутгарт.

Предлог тип: 2-2&4+ (2.65)

 

1806 Унион Берлин – Ајнтрахт Франкфурт (Сабота, 15.30 часот)

Унион Берлин ме изненади со одличните игри и повторно е хит во Германија. Имаат супер серија од 7 меча без пораз и се високо на табелата на шестото место со 15 бода и само еден пораз.

Очигледно е дека Урс Фишер има убава фудбалска композиција, но според мене денеска Ајнтрахт Франкфурт ќе го запре походот на тимот од Берлин.

Мојот поранешен тим е поквалитетен, а игра одлично во дуелите со Унион Берлин и победи на последните три гостувања.

Очекувам серијата на гостите да продолжи со четврта победа по ред на „Форстереј“ во Берлин.

Предлог тип: 2 (2.70)

 

1807 Борусија Менхенгладбах – Шалке 04 (Сабота, 18.30 часот)

Шалке 04 воопшто не личи на една од најтрофејните екипи во Германија со 7 титули и ако не направи голем пресврт во продолжението ќе биде меѓу главните кандидати за испаѓање.

Тимот од Гелзенкирехн има големи проблеми во сите линии на теренот, напаѓачите не можат да дадат гол, а одбраната прими неверојатнио 24 гола на 8 меча, убедливо најмногу во Бундеслигата.

И сега во незгодно време и доаѓаат на гости на разиграната Борусија и на еден од најтешките терени за гостување во Германија, на „Борусија Парк“.

Шалке 04 има и доста отсутни играчи поради повреди, дури деветмина нема да играат денеска, па не гледам како можат да избегнат уште еден убедлив пораз во германското првенство.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.60)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести