Милионерите ќе го победат опасниот Штутгарт и без Халанд и Азар, Васоски очекува триумф и на имењаците од Менхенгладбах

1802 Борусија Менхенгладбах – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Борусија игра добро на свој терен против Херта и има четири победи на последните пет меча, па очекувам нов триумф на тимот што засега успешно игра и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Беа надиграни од Реал Мадрид, но се пласираа во нокаут фазата во Лигата на шампионите. Верувам дека не можат да играат слабо во кус рок, па против Херта се фаворити.

И тимот од Берлин се консолидира по дебаклот со 2:5 од Борусија Дортмунд, па ремито со Баер во Леверкузен и победата против градскиот ривал Унион Берлин ги осоколи.

Херта игра офанзивно и многу солидно на гостински терен, но Борусија е непоразена на пет меча на „Борусија Парк“ и ќе типувам дека ќе победи во меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 1&3+ (2.70)

 

1607 Борусија Дортмунд – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)

Се чувствува отсуството на Ерлинг Халанд кај Милионерите, па некако и опадна ефикасноста, но сепак Борусија има одличен тим со многу таленти и е фаворит против Шутггарт.

Проблем ќе им биде што се повреди и Торган Азар, па домаќините ќе ги немаат двата главни адути во нападот. Штутгарт игра сензационално на гостински терен и се уште не е поразен со биланс од 3 победи и две нерешени.

Вамангитука е пријатно изненадување во нападот на гостите, па тој ќе биде главната закана за голот на Борусија во отсуство на Николас Гонзалес.

Очекувам атрактивен меч, со многу голови и прв пораз на Штутгарт на гостински терен во новата сезона.

Предлог тип: 1&3+ (2.05) Супер тип на Sport Life

 

1804 Фрајбург – Арминија Билефелд (Сабота, 15.30 часот)

Фрајбург мора да најде начин да ја прекине серијата од 9 меча без победа и мислам дека Арминија е одличен противник за такво нешто.

Меѓусебните дуели во последно време им се доста ефикасни, а бодовите неопходни за бегство од опасната зона. И двете екипи и даваа и примаа доста голови во последните неколку кола во Бундеслигата, па очекувам тој тренд да продолжи и денеска на „Шварцвалд“ стадионот во Фрајбург.

Според мене домаќинот има и подобра и поискусна екипа и со победа ќе ја прекине долгата серија неуспеси.

Предлог тип: 1&3+ (2.70)

 

1805 Мајнц – Келн (Сабота, 15.30 часот)

Ова е меч на кој победата вреди и повеќе од три бода, бидејќи двете екипи се кандидати за испаѓање. Во првата третина од шампионатот и на Мајнц и на Келн тешко им оди, па имаат само по една победа.

Очекувам тврд меч, иако по традиција меѓусебе играат ефикасно, па на последните три дуели имаше дури 16 голови. Сега влогот е голем, евентуален пораз ќе значи останување во опасната зона за испаѓање, иако е рано за разврска во Бундеслигата.

Мајнц има и проблеми со неколку повредени играчи, Келн би бил задоволен и со бод на гостување кај еден од конкурентите за опстанок, па ќе типувам реми на „Опел“ арена.

Предлог тип: X (3.45)

 

1806 Лајпциг – Вердер (Сабота, 15.30 часот)

Лајпциг покажа моќ на два тешки дуели со Баерн во Минхен и со Манчестер јунајтед на домашен терен и успеа во пеколен распоред да одигра фантастично.

Тимот се гради долго време и во континуитет имаат одлични резултати. Да му се парира на Баерн не е лесно, а и испитот против гигант каков што е Манчестер јунајтед во услови кога само победа им носеше пласман во нокаут фазата во ЛШ е успешно апсолвиран.

Вердер падна со формата, има пет меча по ред без победа и тешко дека ќе успее да приреди подвиг денеска. Лани Лајпциг ги доби двата меча со по 3:0, а сега очекувам да има барем уште еден гол и ќе типувам 4+.

Предлог тип: 4+ (2.30)

 

 

- Оглас -

Најнови вести