Ниту зима, ниту ривиерата не ги лади воинствените играчи на Ница и на Лион

1304 Атлетико – Елче (Шпанија, 14 часот)

Атлетико Мадрид е лидер во Ла Лига и најдобриот домаќин во шпанското првенство. Јорганџиите и без поддршка од својата публика газат на „Ванда Метрополитано“ со пет победи и само едно реми во новата сезона.

И како што за нив е речиси вообичаено често победуваат со гол(ови) во второто полувреме. Од вкупно 8 победи досега, избраниците на Диего Симеоне трипати славеа со погодоци во продолжението.

Елче е црвста екипа и е во групата екипи со најмногу нерешени дуели, најмалки дадени, но и примени погодоци, што е добра препорака за нов Х-1 на Атлетико Мадрид.

Предлог тип: Х-1 (3.55)

 

2840 Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм (Германија, 15.30 часот)

Дали Марко Розе ќе го напушти Менхенгладбах и ќе се пресели во втората Борусија, во Дортмунд е главната грижа на раководството на Борусија.

Такви најави има од Германија, а се засилија шпекулациите по вчерашниот пораз на Милионерите од Унион Берлин. Овој меч би можел да значи и простување на Австриецот, кој има успешна мисија во Менхенгладбах.

Борусија игра атрактивен фудбал, напаѓачки, што им донесе резултати и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Стилот нема да се менува ниту сега, а и гостинот, екипата на Хофенхајм сака да игра за гол повеќе, па очекуваме многу погодоци на „Борусија парк“.

Предлог тип: 2+I& 4+ (2.80)

 

3652 Сампдорија – Кротоне (Италија, 18 часот)

Сампдорија се разигра и има шест меча по ред на кои постигнува и прима најмалку по еден гол. Ветеранот Фабио Квалјарела и на 37-годишна возраст знае да постигнува голови и е прв стрелец на тимот.

Со победа во Верона во минатото коло, Самп ја прекина серијата од четири меча без победа, а последнопласираниот Кротоне е вистинска шанса да се направи мини-серија.

И гостите дишат полесно со два меча по ред без пораз, а против Специја во предминатото коло ја забележаа и првата победа во сезона во која направија кам-бек во Серија А.

На последните три меѓусебни дуели Самдпорија и Кротоне постигнаа вкупно 14 голови, што е просек од речиси пет по меч, како добра најава за продолжување на серијата и денеска на Мараси.

Предлог тип: ГГ (1.81)

 

1158 Евертон – Арсенал (Англија, 18.30 часот)

Евертон влезе во посакуваниуот ритам со победипротив Челзи и Лестер, екипи од горниот дом, а денеска ќе игра и трето дерби во последните три кола во Премиерлигата.

Ситуацијата кај Арсенал не е розова, клубот е во голема криза и пласманот на 15. место е вистинска катастрофа за Топчиите.

Проблемите со недисциплината во тимот засега не може да ги реши неискусниот тренер Микел Артета, па бродот на Арсенал плови во опасни води.

Евертон е тежок ривал за вадење, а на Арсенал очајно му треба победа по серијата од шест меча без триумф во Премиерлигата, што е се уште актуелна.

И двете екипи не смеат да калкулираат, бодовите им се многу важни, па очекуваме најмалку по еден погодок во мрежите на Евертон и Арсенал на „Гудисон парк“.

Предлог тип: ГГ (1.74)

 

1703 Ница – Лион (Франција, 21 часот)

По традиција мечевите на Ница и на Лион се со висок интензитет, а на последните два имаше дури три исклучувања и многу жолти картони.

Лион киксна во добитна ситуација против Брест и прими гол од пенал за 2:2 во 90. минута, кога имаше играч повеќе. Лавовите од Жерлан ќе се обидат со победа да го задржат чекорот со Лил и ПСЖ во битката за врвот, но гостуваат на терен, каде ги загубија последните два меча.

И на Ница и одговара само победа, за да се приклучи во горниот дел на табелата, што ветува нов возбудлив меч на „Ривиера“, со многу искри на теренот.

Предлог тип: >4.5 картони (1.80)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Лајпциг – Келн Т1 2+&ГГ (2.60)

Барселона – Валенсија 1+I2+II (2.00)

Парма – Јувентус 2&T2 3+ (2.60)

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести