Нов скандал во турскиот фудбал: Водеа со 4-1, се симна претседателот, па загубија 4-5 за противникот да опстане (Видео)

Турскиот фудбал беше сведок на неверојатен скандал во една од пониските лиги. Курталанспор го победи ривалот Ширнак Петрол Клуб со 5-4 и така обезбеди опстанок во лигата. За тоа, како што се наведува, можат да му „заблагодарат“ на претседателот на Ширнак.

Неверојатни сцени се случувале во текот на викендот во една од пониските турски лиги, поточно во четвртиот ранг на натпреварување.

На терен се сретнале екипите на Курталанспор и Ширнак Петрол. Домаќинот имал потреба од победа за да остане во лигата и на крајот до неа дошол на шокантен начин.

Квалитетните фудбалери на Ширнак немале милост и играле фер, а во 70-тата минута воделе со 4-1.

Сè водело кон тоа Курталанспор да испадне во понизок ранг следната сезона, но потоа се случил „пресврт“.

Претседателот на Ширнак дошол до тренерот, започнал расправија и очигледно му наредил неговиот тим да му „пушти“ на противникот.

- Оглас -

Најнови вести