Нотингем форест победи на гостувањето кај Челзи со 1:3 во меч од 35. коло на англиската Премиер лига. Со овој триумф, Нотингем стигна до 42 бодови и сега има шест бодови повеќе од Вест хем кој е во зоната за испаѓање. До крајот на првенството има само уште три кола, што значи дека Шумарите се речиси спасени од испаѓање.
Од друга страна, Челзи продолжи со очајните резултати. За тимот од „Стемфорд Бриџ“ ова беше шести пораз по ред, а гол немаат постигнати неверојатни 570 минути. Последен пат на погодок се израдуваа на дуелот против Астон вила одигран на 4 март, односно пред точно два месеци.
Нотингем форест на „Стемфорд Бриџ“ започна одлично и по неполни две минути поведе со голот на Таиво Авонији кој погоди со глава и таа акција може да ја видите ТУКА.
Веќе во 15 минута Нотингем водеше со 2:0. Беше досуден пенал за гостите, а Игор Жезус не греши од вакви ситуации, погодувајќи за 2:0.
Chelsea 0-2 Nottingham Forest – Igor Jesus penalty 15′
by
u/977x in
soccer
Во финишот на првото полувреме Челзи преку Кол Палмер пропушти шанса да даде гол, но голманот на Нотингем го одбрани неговиот удар и на полувреме се замина со водство на гостите од 2:0.
Во второто полувреме, Авонији зголемо на 3:0 во 52 минута и стави крај на сите дилеми околу победникот.

