Во англиската Премиер лига многу е интересна трката за титулата, а можеби уште поинтересна е таа за опстанок каде три тима се обидуваат да избегнат преселба во Чемпионшип, но еден од тие три тима, за жал ќе мора да испадне.
Штета е што ќе мора да испадне некој од Вест Хем, Тотенхем или Нотингам форест, бидејќи имаат освоено натпросечен број на бодови како за секој што е загрозен од испаѓање.
Во последните десет сезони, Њукасл со 37 бодови бил тим што испаднал од Премиер лигата со најголем број на бодови. А, Вест хем во моментов има 36 и му остануваат уште три кола до крајот.
Калкулациите велат дека дури и со 40 освоени бодови на крајот, Вест Хем има 68 проценти да испадне. Чеканите се на големи маки, затоа што во следното коло играат со лидерот Арсенал, и тешко дека ќе победат, а имаат и далеку полоша гол разлика од Тотенхем и Форест. Тотенхем има еден, а тимот од Нотингам кој денеска игра со Челзи, три бода повеќе од Вест хем и може дополнително да побегне.

