Со еден шут на гол Кристал палас ремизираше против најдобриот гостин во Премиер лигата (Видео)

Со еден прецизен удар во рамките на голот на Лестер, Кристал палас успеа да освои еден бод против фаворитот во премиерниот меч од 16-тото коло во Премиер лигата.

Вилфрид Заха реагираше мајсторски во 58-мата минута и ја затресе мрежата на второпласираната екипа во Премиер лигата со првиот и единствен шут на домаќините во рамките на голот на Лестер.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1343592974672912384?s=20

Палас, сепак, не издржа докрај против екипата што заедно со Манчестер јунајтед е најдобар гостин во Премиер лигата, па Харви Барнс израмни на 1:1 со гол во 83-тата минута.

Популарните Лисици пропуштија голема шанса први да поведат, откако Ихеначо утна пенал во 19-тата минута.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1343598623867760642?s=20

Лестер има 30 бода на второто место во англиското првенство, а Кристал палас е го дели 12-тото место со Лидс со по 20 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести