Васоски си ги дочека своите пет минути – Неговиот Ајнтрахт гази, прогнозира дека ќе ја прегази и Арминија

1802 Арминија – Ајнтрахт (Сабота, 15.30 часот)

Ајнтрахт влезе во посакуваниот ритам и со 7 меча без пораз е во топ-форма и голем фаворит за победа против Арминија. За нив Лука Јовиќ е познато лице и брзо ќе се вклопи во старо-новиот тим што и го потврдисо два гола на првиот меч откакос е врати во Франкфурт.

Арминија ги одигра многу солидно последните три натпревари во Биндеслигата, освои 7 од можните 9 бода, но денеска таа серија ќе биде прекината.

Ајнтрахт има многу поквалитетен тим и очекувам да забележи шестта победа на последните 7 натпревари.

Предлог тип: 2 (1.92) Супер тип на Sport Life

 

1804 Баер Леверкузен – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)

Со значајна победа во дербито против Борусија Дортумунд, Баер прекина една незгодна низа од четири меча без победа. Кога ќе се победи во дерби меч, самодовербата расте, а квалитетот кај тимот од леверкузен воопшто не е спорен. Имаа проблеми со повредени играчи, сега состојбата е подобра и ќе се обидат да го победат незгодниот тим на Волфсбург.

Волците имаат само два порази, најмалку во лигата заедно со Баерн и Лајпциг и тепко губат во Бундеслигата. Баер не го победил денешниот ривал на „Бај арена“ од 2016 година и очекувам во добар и ефикасен меч денеска да ја прекинат незгодната серија.

Предлог тип: 1&T1 2+ (2.45)

 

1805 Фрајбург – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)

Сезонава кога играат Фрајбург и Штутгарт како прва опција се наметнува играта на голови. И двете екипи играат фајтерски фудбал, за гол повеќе што во Германија посебно се цени.

И Фрајбург и Штутгарт многу повеќе мислат на офанзива, па затоа и одбраните им се меѓу послабите во Бундеслигата со многу примени голови.

Во Германија тешко се отстапува од фудбалски зацртан концепт, а кај Фрајбург и Штутгарт тоа е офанзива и само офанзива, па очекувам возбудлив меч со многу голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.87)

 

1806 Мајнц – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц е меѓу најслабите тимови и според квалитетот и според резултатите кои се лоши. Имаат само една победа на 17 натпревари што е знак дека се сериозни кандидати за пат во понисок ранг на натпревари.

Патем Лајпциг тепко дека може да биде екипа за вадење во Бундеслигата, особено ако се знае нивниот страшен поход во меѓусебните дуели со Мајнц. Да и дадеш на екипа 8 гола во Германија е голем подвиг, а токму Лајпциг го победи Мајнци со 8:0 пред две години.

Домаќините се и во серија од 10 меча без победа, а очекувам Лајпциг да им го продолжи тој тренд со убедлива победа на „Опел“ арена.

Предлог тип: 2&3+ (2.20)

 

1807 Херта – Вердер (Сабота, 18.30 часот)

Херта ме изненади со скромните игри и резултати, бидејќи имаат солиден тим со неколку познати и квалитетни играчи. лани доаѓањето на Бруно Лабадија за тренер беше и спас за Херта, а и Вердер едвај опстана во Бундеслигата.

Трендот на скромни резултати и кај двете екипи продолжи и во новата сезона, па како стојат работите пак ги чека битка за опстанок.

Ова е исклучително значаен меч и за Херта и за Вердер па ќе типувам дека ќе нема победник.

Предлог тип: Х (3.30)

 

 

- Оглас -

Најнови вести