Васоски го отпиша Шалке 04, Лајпциг лесно ќе ја освои Велтинс арена

1806 Аугсбург – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)

Во последните три години Волфсбург доминира во дуелите со Аусгбург, а особено импресивна беше победата од 8:1 во мај пред две години.

Вут Вегхорст тогаш постигна хет-три, а и денеска очекувам да им зададе многу главоболки на домаќините. Холанѓанецот игра во страшна форма и со 13 погодоци е меѓу најдобрите стрелци во Бундеслигата.

Аугсбург нема голгетер од таков калибар, не го победил Волсфбург на последните шет меѓусебни натпревари, па очекувам со победа на „ВВК“ арена да продолжи серијата на гостите.

Предлог тип: 2 (1.87)

 

1802 Фрајбург – Борусија (Сабота, 15.30 часот)

Фрајбург е незгоден кога игра на својата „Шварцвалд“ арена, но не и кога гостин им е Борусија Дортмунд. Милионерите немаат на последните девет гостувања кај денешнито ривал и редовно го победуваат Фрајбург.

Проблем секако за Борусија ќе биде отсуството на неколку клучни играчи, но и со тоа што располагаат за дуелот со Фрајбург се поквалитетен тим.

Гостите веќе немаат шанси за титулата, што беше цел пред стартот на сезоната, но ќе мора да победат за да не си го загрозат и настапот во Лигата на шампионите идната сезона.

Борусија го очекува и двомечот со Севилја во осминафиналето на ЛШ, па ова е шанса со победа да ја поправат атмосферата и формата за пресметката со шпанскиот тим.

Предлог тип: 2&3+ (2.23)

 

1804 Мајнц – Унион Берлин (Сабота, 15.30 часот)

Унион Берлин е хит во Бундеслигата, а најавата дека ќе играат подобро од дебитантската сезона лани се остваруваат. Имаат 29 бода на осмата позиција и речиси сигурно обезбеден опстанок, па играат одлилно и релаксирано. Малку ги стаса и заморот, па немаат победа во последните три кола, што мислам дека може да го искористи Мајнц денеска и да победи.

Домаќините мораат да играат на победа, бидејќи имаат скромна залиха од само 10 бода и ова е еден под последните возови за опстанок.

Ќе типувам на мало изненадување и победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (3.20)

 

1607 Баер Леверкузен – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)

Баер кубури со многу повреди на играчите што се одрази со два порази вопослендите две кола. Отсуството на Амири, Белараби, Бендер и уште неколку фудбалери му задава главоболки на Петер Бош, а капа на се беше и елиминацијата од третолигашот Есен во купот на Германија.

Денеска немаат друг избор, освен да тргнат офанзивно и на победа против Штутгарт, за да се прекине серијата порази.

Штугарт го има вториот најдобар биланс како гостин ви Бундеслигата, но претрпеа два порази по ред, а очекувам и трет, денеска против Баер на „Бај арена“.

Предлог тип: 1 (2.17) Супер тип на Sport Life

 

1805 Шалке 04 – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Шалке 04 има многу мали шанси за опстанок, иако разликата од 9 бода не е недостижна, но квалитетот на тимот и игрите што ги прикажуваат не ветуваат позитивен исход за една од најмаркантните екипи во Германија.

Новиот гигант што се создава во Лајпциг игра одлично во континуитет во последните години и ако победи и денеска ќе си ги зацврсти шансите за нов настап во Лигата на шампионите.

Гостите се во подобра форма, имаат многу подобар и поконкурентен тим од Шалке 04, што се решавачки фактори, кои домаќините не можат да ги надополнат.

Предлог тип: 2&3+ (1.91)

 

- Оглас -

Најнови вести