Грми шампионот во НХЛ, Предаторите нема да куртулат од нов пораз

8201 Вашингтон капиталс – Филаделфија флаерс (НХЛ, 01 часот)

Проблемот на шампионот од 2018 година е што има одлична прва постава што ја предводат олстар-ѕвездите Александер Овечкин, Никлас Бекстром и Том Вилсон, но не функционираат добро останатите три дела од тимот.

На Вашингтон очигледно многу му недостасува Ти-Џеј Оши, одличен напаѓач, без кого не функционира вториот напад на тимот од главниот град на САД.

Филаделфија има пет победи по ред против Вашингтон, а на два од тие пет дуели им даде по 7 гола. Пред три ноќи беше 7:4 за Флаерс, иако немаа решение за легендата Овечкин, кој има даде два гола и имаше две асистенции.

Колку е силен првиот напад на Капиталс, покажува и податокот дека Овечкин, Бекстром и Вилсон искомбинираа 11 поени од вкупно 12 на последниот меч против Филаделфија. Само Елер, кој го предводи вториот напад на Вашингтон, имаше една асистенција, па изостана помоштта од останатите хокеари на шампионската екипа од 2018 година.

Филаделфија ја чека титулата од 1975 година, сега имаат одличен тим и се кандидати за пехарот во Стенли купот. Дербито меѓу овие две екипи во последно време изобилува со голови, па ќе типуваме дека и ноќеска ќе ги има многу.

Предлог тип: >5.5 гола (1.70)

 

8382 Отава сенаторс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 01 часот)

Отава игра нова очајна сезона во НХЛ и се наоѓа на последното место во својата Дивизија само со две победи на 13 натпревари.

Сенаторите загубија дури три дуели од Едмонтон во последните 8 дена, а како што играат, на прагот се и на четвртиот неуспех против Ојлерс.

Тимот од Едмонтон го има убиственото дуо напаѓачи, Мек Дејвид и Драјсајтл, кои се број еден и два на листата со најдобри поентери во НХЛ-лигата.

Мек Дејвид постигна 9 гола и има 18 асистенции, или комбинирано 27 поени на врвот на листата, а зад него е германскиот репрезентативец со 8 гола и 17 асистенции, или вкупно 25 поени.

Одбраната на Отава немаше решение за нив на претходните три дуели, а ќе типуваме дека Мек Дејвид и Драјсајтл повторно ќе го предводат Едмонтон до победа против Отава.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

8413 Бем Адебајо (НБА, Мајами хит – Њујорк никс, 01.30 часот)

Мајами го победи Њујорк пред три ноќи, а до деветтиот триумф ги предводеше Бем Адебајо со 24 поени и 11 скока. Центарот на Хит игра сè подобро и секоја година си го подобрува просекот на поени.

Неговата замена Мејерс Ленард не може да игра бидејќи е повреден, па Адебајо има и поголема минутажа од вообичаената.

Тој е вистински атлет, игра одлично и во дефанзивата, па во последно време се наметна и како лидер на ланскиот финалист во НБА-лигата.

Слаба точка на Њујорк никс е токму центарската позиција. Нерленс Ноел е повреден, па Робинсон и ветеранот Гибсон ќе се обидат да го сопрат Адебајо, но типуваме дека нема да успеат да го задржат под 19 поени.

Предлог тип: > 18.5 поени (1.87)

 

8407 Зајон Вилијамсон (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Хјустон рокитс, 01.30 часот)

Моќното крило на Њу Орлеанс ја игра втората сезона во НБА-лигата, и тоа одлично, откако лани имаше ограничена минутажа на 24 натпревари како дебитант.

Првиот пик на драфтот во 2019 година прераснува во олстар-ѕвезда, а блеска во новата година. Просекот му е 23,7 поени, токму приближно колку што е и границата за поени за дуелот против Хјустон што ја понуди Sport Life.

Во единствениот дуел сезонава меѓу Њу Орлеанс и Хјустон, Зајон постигна 26 поени. Противник ќе му биде Џашон Тејт, кошаркар кој стигна во НБА-лигата како недрафтуван, па тешко дека ќе успее да го сопре големиот талент на американската кошарка.

Предлог тип: >23.5 поени (1.87)

 

8384 Нешвил предаторс – Тампа Беј лајтнинг (НХЛ, 02.30)

Актуелниот шампион во НХЛ-лигата, Тампа Беј со пет победи по ред им даде знак на ривалите дека повторно оди на титулата и има тим за високи дострели.

Одличен камбек по повредите што го мачеа во ланската сезона има Стивен Стамкос, кој е лидер на тимот со 11 поени. Ноќеска им даде гол на ривалите од Нешвил во победата од 4:1 на Лајтнинг, екипа која трипати ги победи Предаторите во 2021 година на исто толку натпревари.

Тампа е во опасен налет, иако им недостасува одличниот напаѓач Кучеров, но првиот напад со Стамкос, Палат и Поинт е еден од најдобрите во Лигата и премногу моќен за одбраната на Нешвил.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести