Уникатно: Турски клуб во една сезона двапати му даде отказ на ист тренер

Турскиот прволигаш Генчлербирлиги се реши на еден несекојдневен потег, а тоа е да му даде отказ на тренерот Волкан Демирел. Тоа не би било ништо чудно ако не се знае дека ова е вторпат сезонава Демирел да добива отказ од тимот на Генчлербирлиги.

Демирел е познат поранешен репрезентативен голман на Турција. Во првиот мандал беше на клупата во периодот од 28 октомври до 7 декември, кога во шест натпревари немаше ниту една победа, а заврши со три ремија и три порази.

И покрај тој лош резултат, Генчлербирлиги реши по вторпат да му даде шанса на Демирел, и тоа на 6 март, а нецели два месеца подоцна повторно да го избрка. Во втората „епизода“, Демирел го водеше тимот на девет средби, во кои имаше две победи, едно реми и дури шест порази.

Со овој расплет, Демирел стана првиот тренер во историјата на турскиот фудбал што во една сезона двапати добил отказ во ист клуб, а воопшто да не бил на чело на екипата кога започнала сезоната.

Демирел во тренерските води влезе во 2021 година, по успешната кариера што ја имаше како голман. За репрезентацијата на Турција бранеше на 63 средби, а речиси целата кариера ја помина на голот на Фенербахче.

 

- Оглас -

Најнови вести