Вечерва на стадионот „Емирати“ во Лондон ќе биде познат првиот финалист во Лигата на шампионите за оваа сезона. Арсенал и Атлетико Мадрид ќе излезат на мегдан и мора да има победник за да се знае кој тим ќе игра во големото финале.
Првата полуфинална пресметка меѓу овие два ривали која се одигра само пред шест дена на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид заврши нерешено 1:1. Интересно е дека двата гола беа постигнати од пенали. Тоа реми со 1:1 и не е толку изненадувачки ако се погледне историјата на меѓусебните пресметки.
Во последниве осум години овие ривали играле вкупно петпати, а трипати завршило со резултат 1:1. Така беше во Лондон во април 2018 година во Лигата на Европа, а потоа Атлетико дома славеше со 1:0. Во летото 2018 година играа и на Интерконтиненталниот куп на шампионите и тогаш по 90 минути беше 1:1.
Сепак, не треба да се заборави дека Арсенал сезонава еднаш веќе го нагости Атлетико во Лондон и мадриѓаните не си поминаа убаво. Арсенал славеше со убедливи 4:0, а сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме. Виктор Ѓекереш даде два гола на таа средба, а бекот Габриел беше стрелец на првиот гол.
За ваков специјален дуел каков што е овој вечерва, во Sport Life има специјална понуда. Може да се одигра на стрелец на првиот гол или погодок во текот на средбата. Малку неверојатно остварливо е, но има опција и за хет-трик. Тука се и комбинациите за стрелец на гол и победа на екипа, како и многуте статистички комбинации.
Може да се обложите за борјот на шутеви во рамките на голот, изведени корнери, направени фаули, добиени жолти картони, уловени офсајд-позиции…. Едноставно вечерва во Лондон се очекува да има шоу натпревар со многу возбудувања.


