Манчестер јунајтед конечно ќе се врати во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот предводен од Мајкл Карик игра одлично и моментално е на третото место на табелата. И покрај добрите игри, челниците на Црвените ѓаволи се свесни дека мора да најдат засилувања во летниот преоден рок ако сакаат да бидат конкурентни во Лигата на шампионите, каде што играат најдобрите од цела Европа.
Јасно е дека со завршување на сезоната, ќе си замине искусниот бразилски играч за врска Каземиро. Токму замена за Каземиро е еден од приоритетите за Манчестер јунајтед. Според „Дејли меил“, англискиот гигант е подготвен да плати и до 80 милиони евра за наследниот на Каземиро. Прва опција е англискиот репрезентативец Елиот Андерсон од Нотингам форест, а се споменуваат и имињата на Балеба од Брајтон, Вортон од Палас, а потоа Тонали од Њукасл и Чуамени од Реал Мадрид.
Потенцирано е дека во среднот ред потребни се повеќе нови фудбалери, за кои би биле понудени околу 70 милиони евра. Можно е да биде продаден Мануел Угарте, а пари се чекаат и од евентуалното заминување на Маркус Рашфорд. Со собраните пари да се инвестира во квалитетно засилувње. Се споменуваат двајцата играчи на Борнмут, Алекс Скот или Тајлер Адамс, а интересен е и Матеус Фернандес од Вест хем. Се бара уште еден играч за ротација, инвестицијата би била помеѓу 20-30 милиони евра, а првиот што се споменува е Шеј Чарлс од Саутхемптон.

