Бобровски има уплав од страшниот напад на шампионските молњи на Тампа Беј

1612 Флорида пантерс – Тампа Беј лајтининг (НХЛ, 01 часот)

На ред е големото дерби на Флорида, или како што го нарекуваат Сончевото дерби на мраз. Ривалитетот трае 30-тина година, а интересно е тоа што Пантерите се поуспешни во меѓусебните дуели со 76 победи и 52 порази, сметајќи ги и дуелите што се играле во продолженија и биле решени на пенали.

Ноќеска ќе се игра 139-тиот меч меѓу двете екипи. Фаворит е шампионот Тампа Беј. Прваците во НХЛ-лигата играат страшно атрактивен хокеј и во последните две недели нанижаа шест победи, без ниту еден пораз.

Им недостасува одличниот напаѓач Кучеров, но и без него Стамкос, Палат и Поинт го сочинуваат веројатно и најдобриот трилинг офанзивци како прв напад на Тампа беј.

На последните три меѓусебни дуели, Лајтнинг ја наполнија мрежата на Бобровски, кој прими дури 13 гола од хокеарите на шампионскиот тим.

На овие три дуели Стамкос, Палат и Поинт го излудеа голманот на Флорида и заедно искомбинираа дури 15 поени, со голови и асистенции.

Тампа е во налет, има екстра-квалитетен тим и повторно е меѓу топ-кандидатите за пехарот во Стенли купот, па ќе типуваме на двојка, со зголемен коефициент во Супер типот на Sport Life.

Предлог тип: 2 (2.10) Супер тип на Sport Life

 

8328 Њујорк ајландерс – Пистбург пингвинс (НХЛ, 01 часот)

Популарните Островјани го победија Питсбург пред пет дена со 4:3 со решавачки гол на Андерс Ли на неполни 3 минути до крајот на мечот. Со тоа прекинаа и една интересна серија во меѓусебните дуели со Пингвините.

Претходните три дуели завршуваа без победник во регуларниот дел, што само покажува колку се неизвесни пресметките на овие две екипи во последно време.

И сега се тука некаде и со освоените бодови, Ајландерс имаат 12, Питсбург 11 во битката за позиции што водат во плејофот.

Гостите имаат поголеми проблеми од домаќините во однос на повредени и отсутни хокеари, но имаат квалитетни замени за новиот предизвик против тимот од Њујорк, што ветува битка до последен здив.

Ќе типуваме малку и поризично, дека нема да има победник по регуларниот дел на дербито на Источната дивизија.

Предлог тип: Х (4.25)

 

8001 Хјустон рокитс – Мајами хит (НБА, 01.30 часот)

Хјустон игра чудно сезонава и по убавата серија од шест победи по ред, сега има четири порази на последните пет меча. Оддеднаш како да секна офанзивата на Ракетите, а се должи на отсуството на одличниот Крис Вуд и на Џон Вол, кој не играше на неколку меча. Тоа се почуствува во играта на Хјустон, па во последно време тешко ја минуваат границата од 110 поени, што беше лесна задача за еден од најефикасните тимови во НБА во последните неколку сезони.

Ланскиот финалист Мајами оди во обратна насока од ривалот и по циклусот од 7 порази на 8 меча, сега нанижа три победи по ред.

Гостите имаат уште поголеми маки со повредите на играчите, а не им игра еден од клучните кошаркари, Горан Драгиќ. Сепак, имаат одличен тим што го предводат Батлер и Адебајо и во моментов се и во подобра форма и се поквалитетни од Хјустон, па ќе типуваме дека ќе победат.

Предлог тип. 2 (1.64)

 

8440 Бостон селтикс – Торонто репторс (НБА, 01.30 часот)

На последните 7 натпревари што ги одигра Торонто секогаш ја минуваше границата од 108.5 поени, што е понудена во денешниот додаток во Sport Life, па се чини дека добар тип би било да се одигра на плус поени на гостите.

Репторс тоа го сторија и на последниот меч што го одиграа против Бостон, кога загубија со 114:126. Тимот е скроен таман за брза кошарка, со итри бекови, Лаури и Ван Флит, кои знаат да диктираат брзо темпо во кое се вклопуваат и крилата Пауел и Сијакам.

Торонто има одлични офанзивни решенија, но одбраната сезонава им е слаба страна, па и примаат многу кошеви. Бостон има потенцијал дури и за титулата во НБА-лигата и тие сакаат да играат ран-енд кошарка, па очекуваме ефикасен меч и многу поени на двете страни и секако Торонто да ја мине границата од 108.5 поени.

Предлог тип: Т2 >108.5 поени (1.84)

 

8443 Портланд трејлблејзерс – Филаделфија 76 (НБА, 04 часот)

Филаделфија го има најдобриот биланс во Источната конференција со 18 победи и 7 порази, но не игра добро против Портланд.

Популарните 76-ки загубија пет од последните шест меѓусебни дуели со Трејлблејзерс, а беа поразени и во единствениот меч што го одиграа сезонава, и тоа убедливо со 121:105 на домашен терен.

Портланд и покрај големите проблеми, а подолг период не им играат и двајцата стандардни првотимци Мек Калум и Нуркиќ, игра многу солидно и со биланс 13-10 е на петтото место во Западната конференција.

На последните шест дуели со Филаделфија популарните Пионери лесно ја минуваа границата од 112.5 поени, па ќе типуваме дека ноќеска ќе ја продолжат серијата.

Предлог тип: Т1>112.5 поени (1.95)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести