ГРК Охрид го совлада Алкалоид со 27-26 и тоа е прв историски триумф на Гладијаторите во салата „Автокоманда“. Оваа победа ги остава охриѓани во отворена битка за второто место. Сега тие имаат два бода повеќе од Еурофарм Пелистер кој задутре му гостува на лидерот Вардар 1961.
Пилиповиќ со 10 одбрани и Јасухира со 7 голови беа најдобри поединци кај ГРК Охрид. Во поразениот тим најефикасен беше Дамјан Митев со 5 поговоди, а Кизиќ имаше седум интервенции.

