Полицијата во Ливерпул соопшти дека уапсила 71-годишен навивач на Евертон под сомнение за расистички навреди на играчот на Манчестер сити, Антоан Семењо.
Човекот беше идентификуван од страна на редарите на стадионот откако упати навреди кон играчот од Гана за време на натпреварот што вчера заврши нерешено 3-3.
Евертон го осуди однесувањето на својот навивач, додека Манчестер сити упати пофалба за брзата и решителна постапка.
Навивачот на Евертон треба да се појави на суд подоцна оваа година. И порано сезонава Семењо беше цел на расистички навреди во Ливерпул, тогаш од фанови на Црвените додека сè уште го носеше дресот на Борнмут.

