Фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ, сподели фотографија од себе и великанот на еден друг спорт, американскиот фудбал, Том Брејди. На сликата, Брејди држи машинка за шишање, а на Златан му недостасува голем дел од косата.
„Облог си е облог“, напиша Ибрахимовиќ покрај оваа фотографија на своите социјални мрежи.

Сето тоа е дел од голема кампања на ФОКС Спортс, телевизиската мрежа која се подготвува да го покрие Светското првенство, а Брејди и Ибрахимовиќ ќе бидат во студиото за време на Мундијалот, како и Брус Арена, поранешен селектор на американската репрезентација.
Сите тие се појавуваат во раскошната рекламна кампања на ФОКС. Во рекламата се сугерира дека чудата се можни, вклучително и освојувањето на СП во фудбал од страна на САД која е една од трите земји домаќини.

