Стојков верува во клубовите од Рим, дерби натпреварите ќе изобилуваат со голови

3003 Лацио – Сампдорија (Сабота, 15 часот)

Лацио мора да победи ако сака да остане во игра за пласман во Лигата на шампионите, а триумф против Сампдорија би значел и добра увертира за тешкиот двомеч што ги чека со Баерн Минхен во осминафиналето во ЛШ.

Домаќините имаат проблеми со повредени играчи, дури шест фудбалери според најавата нема да играат, предводени од стоперот Ачерби.

Добро за тимот од Рим е што има позитивна серија против Сампдорија и не е поразен на домашен терен на „Олимпико“ од денешниoт ривал од 2005 година, или цели 16 сезони.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

3005 Сасуоло – Болоња (Сабота, 20.45 часот)

Сасуоло успеа да ја прекине незгодната серија од шест меча без победа, со триумф против Кротоне и може да игра порелаксирано во продолжение од првенството.

Домаќините имаат шанси да се приклучат кон екипите што се борат за излез во Европа, но за тоа им требаат бодовите од денешниот дуел. Проблем е што повторно се повреди Бога, еден од најдобрите напаѓачи на Сасуоло, но имаат добри замени и очекувам да тргнат офанзивно од самиот почеток на мечот со Болоња.

И екипата што ја предводи Синиша Михајловиќ знае да одигра напаѓачки, а последните меѓусебни дуели со Сасуоло им беа ефикасни. На шест меча по ред Сасуоло и Болоња одиграа ГГ&3+ и очекувам серијата да продолжи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.92)

 

3007 Милан – Интер (Недела, 15 часот)

Дербито Дела Мадонина секогаш привлекува посебно внимание во Италија. Милан и Интер имаат изградено голем ривалитет, се игра едно од најзначајните градски дербија на светот, а особено сега ќе биде многу возбудливо.

Се бие битка за првото место во Серија А, што Интер му го зема на Милан во минатото коло. Во вакви натпревари тешко е да се прогнозира победникот, бидејќи не зависи се од формата.

Ќе игра и моментната инспирација, овој меч е особено важен, бидејќи сезонава и Интер и Милан се надеваат дека ќе успеат да го освојат Скудетото и дека ќе ја прекинат 9-годишната доминација на Јувентус.

И двете екипи имаат одлични напаѓачи, немаат простор за калкулации и очекувам барем по еден гол во мрежата на Донарума и на Хандановиќ.

Предлог тип: ГГ (1.62)

 

3008 Аталанта – Наполи (Недела, 18 часот)

Ова е уште едно дерби во многу интересно коло во Серија А, па и тука очекувам отворен фудбал, со цел да се победи и да се освојат важни бодови во борбата за пласман меѓу најдобрите четири екипи во Италија.

Аталанта според мене има мала предност и поради формата, но и поради големите проблеми во таборот на гостинот од Неапол.

Наполи има доста повредени играчи, најавено е дека нема да настапат Лозано, Деме, Мертенс, Хисај, голманот Оспина… што е голем хендикеп.

Поразот од Гранада ги покажа сите слабости на Наполи, што ќе се обиде да ги искористи Аталанта. Домаќините се фаворити, но очекувам посигурен тип и за второто дерби во Серија А да бидат головите.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.99)

 

3009 Беневенто – Рома (Недела, 20.45 часот)

По добриот старт на сезоната Беневенто влезе во криза и нема победа во последните 7 кола. Имаат доволно бодови засега за да не стравуваат за опстанок, но пораз од Рома ќе биде непријатен за избраниците на Инѕаги.

Римската волчица ја крена формата, успеа да ја победи Брага на тешкото гостување во Европа Лигата и што е најважно за нив да го врати Един Џеко во составот.

Традицијата е на страната на гостите кои имаат три победи на три меѓусебни дуели со Беневенто во Серија А. Сите беа убедливи со многу голови, па очекувам реприза и на овој меч.

Предлог тип: 2&ГГ (2.95)

 

- Оглас -

Најнови вести