Арсенал е прв финалист во фудбалската Лига на шампиони откако вечерва дома со 1-0 го победија Атлетико Мадрид и со вкупни 2-1 се пласираа во големото финале во Будимпешта, каде што за противник ќе го имаат ПСЖ или Баерн Минхен.
Топчиите беа први во лигашкиот дел и со тоа веројатно заслужија и малку полесен пат до финалето, а одбраната е таа која им го донесе овој за нив историски успех. Арсенал по 20 години пак ќе игра финале на ЛШ, тогаш загуби од Барселона. Арсенал и пред 20 години и сега до финалето дојде без пораз.
Букајо Сака беше стрелец на единствениот гол вечерва во Лондон. Голот погледнете го ТУКА.

