Рајс: Хаос е во соблекувалната, имаме право да славиме, после 1-0 знаев дека одиме во финале

Плејмејкерот на Арсенал, Деклан Рајс, беше прогласен за играч на мечот, а откри дека славјето во соблекувалната е лудо.

„Во соблекувалната е хаос. Не мислам дека можете да го потцените она што го направивме во ова натпреварување до овој момент. Мислам дека имаме целосно право да славиме. Кога поведовме со 1-0, знаев дека ќе победиме. Можев да почувствувам дека нешто посебно се гради“, рече Рајс.

Арсенал има шанса да освои голем дубл, Лига на шампиони и Премиер лига, а до пред една недела ситуацијата воопшто не изгледаше толку светла за тимот.

„Одиме напред со полна пареа. Се најдовме во добра позиција на помалку од еден месец до крајот“, смета Рајс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести