Антоан Гризман е несомнено добар фудбалер, но се испостави и дека е малерозен. Тој за десет сезони во Атлетико Мадрид, не успеа да ја освои Лигата на шампионите, ниту шпанската лига или Купот на кралот.
Летово Гризи ќе се пресели во Орландо во МЛС лигата, а со Атлетико ги освои само Лига Европа и по еднаш шпанскиот и европскиот Суперкуп. Во ЛШ играше едно финале и го загуби. Ла Лига не ја освои ниеднаш, ни кога играше во Барселона. А, токму во таа една сезона кога Гризман го носеше дресот на каталонскиот тим, Атлетико стана првак на Шпанија. Едноставно, човекот се размина со трофејот.
Вака, Французинот наместо да се збогува со стил во големото финале во Будимпешта, збогувањето со Атлетико ќе го има во Виљареал. Не заслужи такво нешто, но против судбината не се може.

