Арсенал врти лист и почнува нова победничка серија против Барнли

1001 Барнли – Арсенал (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)

До ланските два меча против Барнли, Арсенал имаше одлична серија од 11 победи по ред против денешниот противник, но на последните две пресметки освои само еден бод.

Домаќините се борат за опстанок, а Топчиите го фаќаат можеби и последниот воз за приклучок кон позициите што водат во европските купови, па и двете екипи би требало да одиграат без калкулации.

Барнли под команда на Шон Дајч знае да биде незгоден ривал, играат цврсто и на малку голови, но Арсенал за нив е многу опасен тим што редовно ги победува.

Гостите се комплетни и орни за нов триумф и ќе типуваме дека ќе успеат пак да го надиграат и победат Барнли.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

1302 Валјадолид – Хетафе (Ла Лига, Шпанија, 14 часот)

Единствената победа во Ла Лига на Валјадолид во 2021 година е токму против Хетафе, на втори јануари со 1:0 на гости и оттогаш се редат само порази и по некое реми што го доведе тимот во зоната за испаѓање.

Ниту Хетафе не е многу подобар, а со победата против Валенсија во минатото коло ја прекинаа од шест меча без триумф. Двете екипи се уште го немаат обезбедено опстанокот, па денеска на „Зорилја“ бодовите вредат двојно.

Во меѓусебните дуели на овие две екипи како по правило има малку голови, се игра тврд фудбал и на последните 8 меча, само еднаш беше мината границата од 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.36)

 

1012 Ватфорд – Нотингем форест (Чемпионшип, Англија, 14 часот)

Ватфорд има многу проблеми со повреди и тоа на дел од клучните играчи, но денеска ќе мора да го победи двојниот европски првак за да остане во битката за директен пласман во Премиерлигата.

Капитенот Трој Дини, потоа и Кабаселе, Деле-Баширу, Наваро и Фостер нема да настапат за домашниот тим, кој е трет на табелата, но со ист број на бодови како и второпласираниот Брентфорд.

Двете најдобропласирани екипи чекаат промоција во Премиерлигата, па јасно е дека Ватфорд не смее да си дозволи кикс и му одговара само победа.

И Нотингем форест е хендикепиран, бидејќи веќе неколку кола е без најдобриот стрелец Луис Грабан, кој лани беше и трет стрелец во Чемпионшип со 20 гола.

Ватфорд има две победи и две ремија на последните меѓусебни дуели со популарните Шумари од Нотингем. Ќе типуваме дека ќе ја продолжи серијата и тоа со триумф, што ќе го забележи со гол(ови) во вториот дел ое мечот.

Предлог тип: Х-1 (4.45)

 

1002 Шефилд јунајтед – Саутхемптон (Премиерлига, Англија, 16 часот)

Осум порази и едно реми е црната серија на Саутхемптон што се уште трае и може да ги доведе Светците во опасната зона за испаѓање. Тимот што најавуваше битка за настап во еврокуповите, во 2021 година игра многу лошо и има само една победа, и тоа на почетокот на годината, на 4. јануари против шампионот Ливерпул.

Шефилд јунајтед е последен на табелата, но победата против Астон Вила во минатото коло им дава надеж дека можат да направат подвиг и да се спасат, иако имаат дури 12 бода помалку од Њукасл и од Брајтон, кои се веднаш над зоната за испаѓање.

Шефилд и Саутхемптон играа само трипати меѓусебе во Премиерлигата во овој милениум и сите натпревари ги добија популарните Светци,

И покрај сите проблеми Саутхемптон е поквалитетна екипа и ќе типуваме дека ќе победи со решавачки гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: Х-2 (5.35)

 

1631 Феенорд – Венло (Ередивизија, Холандија, 16.30 часот)

Феенорд со серија од три меча без победа ја загуби шансата да бие битка за 11. титула во Холандија, но сега мотивот е да се приреди подвиг и да се стаса до место што води во Лигата на шампионите.

Десеткратниот првак заостанува за 8 бода зад ПСВ Ајднховен и ќе мора да влезе во долга серија успеси ако сака чудо и настап во луксузната европска лига.

Избраниците на Дик Авдокат најавија дека нема да се откажат се додека има шанси, а прв тест за можностите им е денеска против скромниот тим на Венло.

Екипа што сезонава загуби со рекордни 0:13 против Ајакс и има примено дури 60 гола на 24 меча, убедливо најмногу во Ередивизија.

Феенорд ги доби последните четири меѓусебни дуели со Венло, сите со по 3 гола разлика, па ќе типуваме дека и денеска ќе слави и ќе ја наполни мрежата на аутсајдерот.

Предлог тип: 1&T13+ (1.89)

 

- Оглас -

Најнови вести