Кошаркарите на Лос Оклахома тендерс на убедлив начин на започнаа полуфиналната серија на Западната конференција против Лос Анџелес лејкерс и на свој терен славеа убедливо со 108:90. Предводник во редовите на победничкиот тим беше Чет Холмгрен со 24 поени и 12 скокови, а одлична поддршка имаше и од Шеј Гилџес-Александер и Аџеј Мичел кои постигнаа по 18 поени.
Оклахома е актуелен првак во НБА лигата, а и оваа сезона покажува дека е еден од главните фаворити за тронот. Во првото коло од плејофот го збриша противникот со 4:0, а сега лесно го победи и Лејкерс во првиот меч. Домаќините имаа одличен процент на погодени шутеви од поле (49,4 отсто), со тоа што шутот од далечина, односно за три поени им беше 13 погодени од 30 обиди.
Лејкерси кои беа без Лука Дончиќ се мачеа во офанзивниот дел, а најефикасен беше Леброн Џејмс со 27 поени, додека Руи Хачимур додаде 18 поени. Вториот меч меѓу овие два тима се игра повторно во Оклахома.
Домашниот терен го искористи и тимот на Детроит кој со 111:100 го победи Кливленд кавелирс. Уште во првата четвртина беа решени дилемите околу победникот затоа што домаќините започнаа фуриозно. Брзо поведоа со 21:11, а потоа имаа водство и од 32:14.
Дури кон средината на третата четвртина Кливленд успеа да намали на пристони три поени заостанување (77:74), но потоа повторно следуваше подобра игра на домашниот тим и Детроит не дозволи да има драматична завршница, па домаќините славеа со двоцифрена предност.

