Милевски одбра 26 фудбалери за тест мечевите со Казахстан, Словачка и Бугарија во Анталија

Македонската репрезентација до 21 година на 21. март патува за турска Анталија каде што во периодот до 29. март ќе одигра три контролни натпревари, против Казахстан (24. март), Словачка (27. март) и Бугарија (29. март).

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски за подготовките во Анталија ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија Ѓ.П.), Стефан Јакимовски (Кадино);

Одбрана: Александар Ѓурковски (Вардар), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Виктор Крстевски (Вардар), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Мартин Радуловиќ – Величковиќ (Вардар), Бесник Ферати (Академија Пандев);

Среден ред: Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Давид Калпачки (Беласица), Флорент Рамадани (Шкендија), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Бојан Димоски (Академија Пандев), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Лука Станковски (Работнички), Димитар Тодоровски (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Јакуп Бериша (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методија Максимов (Работнички), Берат Калкан (Карачабej, Турција);

„Овие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските квалификации. Она што е битно за мене е играчите да имаат минутажа во своите клубови и тоа ќе биде пресудно за формирањето на составот на квалификациските натпревари за ЕП. На оние позиции каде што имаме избор предност секогаш ќе добиваат фудбалерите кои се стандардни во своите клубови.  Во однос на Влада Новески, наше е да кажеме дека фудбалерот на Војводина уредно беше поканет за нашите натпревари во Анталија, но неговиот родител не извести дека желба на неговиот син е да игра Србија“,изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

 

- Оглас -

Најнови вести