Елмас може да заигра во Премиер лигата?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, би можел летово да направи трансфер во Астон Вила, со што би продолжил да игра во клуб од Лигата на шампионите, но првпат би заиграл во Премиер лигата.

Елмас е заинтересиран од можноста да игра во најсилната лига на светот, а клубот е подготвен на Лајпциг да му ги плати бараните 17 милиони евра.

Постои опција Елмас да остане во Наполи каде играше како позајмен, но наполитанците не сакаат да платат 17 милиони, бараат од германскиот клуб со кој Елмас е под договор, да ја спушти цената до кај 10-11 милиони. За 26-годишниот Дијамант има интерес и од Фенербахче и Сандерленд, но Елмас ја преферира Астон вила. Засега немало конкретен чекор од Вила, но во моментов тој клуб се смета за фаворит за потписот на Елиф.

- Оглас -

Најнови вести