Дарио Ивановски победи во полумаратон на јубилејното издание на „Охрид трчаТ“

Полумаратонот на „Охрид трчаТ“ убедливо му припадна на најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски.

Ивановски патеката од 21 километар низ улиците на Охрид ја истрча за 1 час, 10 минути и 46 секунди. Втор на целта пристигна Игор Трипуновски со време 1.19:22, а трети беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52.

Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза беше Греса Бакрачи од Косово со време 1 час, 31 минути и 35 секунди, пред Биљана Кираџиева од Србија и Благица Јованова од Македонија.

Инаку, оваа трка се одржа по јубилеен десетти пат. Учествуваа 2.700 тркачи од 30 земји.

- Оглас -

Најнови вести