Одбојкарската репрезентација на Македонија по максималниот пораз од Холандија, вечерва во Струмица го игра вториот меч од Европската лига. Противник на нашите одбојкари е Луксембург, па сосема се оправдани очекувањата за лесна и убедлива победа.
Тоа го велат и квотите во Sport Life, а Македонија е голем фаворит со квота за победа од 1.06. Мечот започнува во 19 часот.
За разлика од одбојкарите, женската селекција на Македонија е аутсајдер и на вториот меч од турнирот во Португалија. Организаторот на турнирот ја има фаворитската улога, а нашите девојки ќе се обидат да се прикажат во што е можно подобро светло. Овој меч се игра во 17:30 часот.



