Васоски го отпиша Шалке 04 и го запиша Ајнтрахт како кандидат за Лигата на шампионите

1613 Ајнтрахт – Унион Берлин (Сабота, 15.30 часот)

Ајнтрахт има голема шанса да игра во Лигата на шампионите, но мора да ја врати формата од почетокот на годинава за да ја издржи битката пред се со Борусија Дортмунд и со Волфсбург и Баер Леверкузен.

Во последните три кола мојот поранешен тим освои само два бода, но верувам дека од денеска ќе почне новата победничка серија. Имаат квалитетен тим, но и многу незгоден ривал.

Унион Берлин е хит во Бундеслигата, не попуштија ниту во втората сезона како Бундеслигаши, иако таа е некако означена за критична за новите прволигаши. Во серија се од пет меча без пораз, но таа ќе застане денеска во Франкфурт.

Предлог тип: 1 (2.05) Супер тип на Sport Life

 

1803 Келн – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Келн направи изненадување против Борусија, но од Менхенгладбах, со победа од 2:1 пред повеќе од еден месец и потоа пак потона во порази. Имаат серија од пет меча без триумф и очекувам таа да продолжи.

Второ изненадување против Борусија ќе нема, бидејќи тимот од Дортмунд е многу поквалитетен и ќе ги освои бодовите.

Очекувам тоа да биде во ефикасен меч на „Рајн Енерџи“ во Келн, како реванш за ланската сензација, кога популарните Јарци ги победија Милионерите во Дортмунд со 2:1.

Предлог тип: 2-2&3+ (3.20)

 

1805 Вердер – Волфсбург Сабота, 15.30 часот)

Волфсбург игра одличен фудбал и третото место моментно е апсолутно заслужено. Во првиот дел од шампионатот против Вердер го одиграа можеби и најдобриот натпревар во целата лига, во меч со многу пресврти и фудбалска драма што ја добија со 5:3.

Можно е и сега да има голови, бидејќи Вердер е на безбедна дистанца од 9 бода од зоната за опстанок, а Волфбсург има шанса со победа да се зацврсти на третата позиција.

Сепак овде ќе типувам двојка на тим што е во топ-форма и игра одличен фудбал сезонава.

Предлог тип: 2 (1.87)

 

1806 Шалке 04 – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 18.30 часот)

Шалке според мене веќе е отпишан и нема надеж дека може да приреди чудо и да се спаси од испаѓање. Кризата е голема кај прволигашот од Гелзенкирхен и како се најавува почеток на спасот, така се редат тешки порази.

Разликата меѓу нив и Арминија Билефелд и Келн е веќе 12 бода, а не верувам дека можат да ги претркаат и Мајнц и Херта кои имаат по 11 бода повеќе, во обидот да се стаса барем до бараж за опстанок.

Сега и ривал им е Борусија Менхенгладбах, тим кој има драстичен пад во формата, но и многу подобар тим од Шалке 04.

Тешко дека можат да се вадат против осминафиналистот во Лигата на шампионите и ќе типувам дека Шалке ќе го доживее и 18. пораз во Бундеслигата.

Предлог тип: 2 (1.46)

 

 

 

1807 Хофенхајм – Мајнц (Недела, 13.30 часот)

Хофенхајм е подобар од Мајнц во последните меѓусебни дуели, откако ривалот претходно имаше серија од неколку победи. Домаќините се порелаксирани со 30 бода на 11. позиција, но Бундеслигата е незгодна за играње и не смеат да си дозволат порази во серија.

Хофенхејм има и неколку повредени играчи, но сепак се фаворити против Мајнц. Играат солидно на домашен терен и можат да го победат кандидатот за испаѓање.

Мајнц ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и проблемите на Хофенхајм и може да постигне гол-два, па очекувам ефикасен меч со најмалку четири погодоци.

Предлог тип: 4+ (2.65)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести