Овечкин не сака порази во серија, Вашингтон ќе покаже дека има шампионски тим

8334 Њујорк никс – Далас маверикс (НБА, 01.30 часот)

Дуелот на две екипи што се на седмото место во двете различни дивизии ќе има посебен шмек, поради Кристапс Порѕингис и Тим Хардавеј јуниот, двајца кошаркари кои беа играчи на Никс, а сега ќе се обидат во легендарниот „Медисон сквер гарден“ да го предводат Далас до победа.

Ќе биде возбудливо и поради фактот што двете екипи се обидуваат да влезат во двете шесторки во Источната и Западната конференција, за да избегнат дополнителни бараж мечеви во полејофот.

Њујорк има полетна екипа, игра цврсто и прими убедливо најмалку кошеви во Источната конференција. Полека, но сигурно, гигантот на НБА заличува на екипата што ја предводеа Јуинг, Старкс, Оукли…, која играше беспрекорна одбрана во последната декада од минатиот век.

Далас има поквалитетни играчи, а разликата ја прави Лука Дончиќ, но Њујорк сезонава е тврд орев за сите ривали. Мечот е многу значаен, регуларниот дел од сезоната влезе во третиот и завршен период, па бодовите се исклучително важни.

Ќе типуваме дека во „Медисон сквер гарден“ ќе се игра тврд меч со помалку од 217 поени.

Предлог тип: <216.5 поени (1.60)

 

8336 Индијана пејсерс – Шарлот хорнетс (НБА, 02 часот)

Шарлот нема добри спомени од последните гостувања кај Индијана и претрпе четири тешки порази, но сега е малку поинаква ситуацијата. Хорнетс по долг период имаат многу солидна екипа и осбено добра стартна петорка.

Ги предводи бекот Розие во одлилна сезона за него, а Хејворд добро се снајде во тимот по преселбата од Бостон.Индијана има проблем со повредата на Ти-Џеј Ворен, а за ноќеска неизвесен е и настапот на Џереми Ламб.

Шарлот е во плејоф зоната, моментно се на четвртото место во Источната конференција со позитивен биланс 24-23. Индијана со 21-25 бие битка за пробив во Топ-6, но мора да вимава и да не падне под десеттата позиција и да остане без доигрување.

Домаќините имаат за нијанса подобар тим, особено тоа ќе важи кога ќе Ворен ќе се врати на паркетот, но моментно не се во добра форма и типуваме дека и да победат, тоа нема да биде со повеќе од 7 поени разлика.

Предлог тип: 2 со хендикеп 7.5 поени (1.61) 

 

8341 Сакраменто кингс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 04 часот)

Актуелните прваци во НБА воопшто не личат на тим со шампионски амбиции без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, дуо кое и ноќеска нема да игра поради повреди.

Без нив двајца Лејкерс имаат биланс од две победи и четири порази, а користат конкурентите во битката за плејофот. Моментно се на петтото место и лесно може да се случи да се лизнат и под шестото место, ако Леброн и Дејвис не се вратат скоро на паркетот, или ако остатокот на екипата не почне да победува во серија.

Сакраменто е на 11. позиција, што е за едно скалило под десетката во Западната конференција што ќе игра во плејофот, но Кингс имаат шанса со победа ноќеска да си ги подобрат шансите за настап во доигрувањето за титулата.

За гостите позитивно е што Андре Драмонд почна да игра, но Сакраменто е фаворит. Кингс ги добија двата последни меѓусебни дуели и ќе типуваме дека ќе забележат и хет-трик.

Предлог тип: 1 (1.54)

 

1605 Њу Џерси девилс – Вашингтон капиталс (НХЛ, 01 часот)

Хокеарите на Њујорк ајландерс со блескава претстава и убедлива победа од 8:4 ги спуштија ѕвездите на Вашингтон на земја, па сега Капиталс ќе се обидат да се рехабилитираат за тешкиот пораз што го доживеаја ноќеска.

За Овечкин и соиграчите веројатно и нема полесен ривал од Њу Џерси, екипа што ја победуваа шестпати по ред на последните меѓусебни дуели.

Вашингтон е еден од главните фаворити за титулата, но има два тешки порази по ред, со вкупно 13 примени гола. Нападот предводен од Овечкин, Бекстром и О`Ши е еден од најдобрите во лигата и функџионира добро, но одбраната не покажува квалитет потребен за да се атакува на титулата.

Сепак со крајот на регуларниот дел на сезоната има време за корекции, а Вашингтон има моќен тим и ноќеска нема да си дозволи трет пораз по ред.

Предлог тип: 2 (2.20) Супер тип на Sport Life

 

8360 Винипег џетс – Торонто мејплифс (НХЛ, 02 часот)

Ова е веќе осми дуел сезонава меѓу Винипег и Торонто, а според серијата сезонава потешко се победува дома, отколку на гости. Торонто води со 4:3 во меѓусебните дуели во канадската лига и е прв на табелата.

Досега од седум меѓусебни дуели само на два немаше повеќе од пет голови, а ги доби Торонто со 3:1. Винипег се надева на ефикасен меч, бидејќи така имаат поголеми шанси за победа, а добро и за нив и за гостите е што немаат проблеми со повредени хокеари, па со сите сили ќе се оди на победа.

И Џетс и Мејплифс имаат силни офанзивни адути и заедно дури тројца хокеари во Топ-10 со најмногу поени сезонава. Младиот Мичел Марнер од Торонто со 46 поени е на четвртото место, веднаш зад него е Шифеле од Винипег, а седми е Метјуз, кој е еден од најдобрите напаѓачи во НХЛ и голем адут на Торонто.

Последниот меѓусебен меч, завчера заврши со победа на Мејплифс со 3:1 како гостин, но сега очекуваме да има повеќе голови.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.60)

 

- Оглас -

Најнови вести