Васоски типува на изненадување во германското дерби за титулата

1801 Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт (Сабота, 15.30 часот)

Во Дортмунд ќе се бие голема битка што може да вреди и пласман во Лигата на шампионите. Ако мојот поранешен тим Ајнтрахт успее да победи тогаш ќе направи голема разлика од 7 бода и ќе биде многу блиску до голем успех.

Кај Борусија не ми се допаѓа ситуацијата со Ерлинг Халанд, кој шета низ Европа во потрага по трансфер, што може да се одрази на амбициите на клубот.

Очигледно со мислите е веќе насочен кон летниот трансфер пазар, иако уште е член на Милионерите. Домаќините имаат и многу повредени играчи, а ги чека и голем двомеч со Манчестер сити во Лигата на шампионите, што почнува на шести април.

Ајнтрахт може да ја искористи ситуацијата, па дури и да победи во Дортмунд, но според профилот на екипите и ултраофанзивниот пристап и на домаќините и на гостите очекувам меч со многу голови.

Предлог тип: 4+ (2.10)

 

1802 Волфсбург – Келн (Сабота, 15.30 часот)

Волфсбург заедно со Ајнтрахт ми се најпријатни изненадувања сезонава во Бундеслигата. Волците ненаметливо, но сигурно собираат бодови и заслужено се на третото место.

Имаат големи шанси за настап во Лигата на шампионите и верувам дека нема да ја прокоцкаат, особено ако го победат Келн.

Денеска ќе треба да најдат и замени за Гинчек, Мехмеди, Отавио и Стефен кои се важни алки во тимот, но и без нив се и подобар тим од Келн и во многу подобра форма.

Гостите се борат за опстанок, им требаат бод(ови), но не верувам дека ќе успеат да го изненадат стабилниот и многу добар тим на Волфсбург.

Предлог тип:  1 (1.60)

 

1803 Баер – Шалке 04 (Сабота, 15.30 часот)

Шалке е веќе отпишан, бидејќи минус од 13 бода на 8 кола до крајот на шампионатот во квалитетна лига каква што е Бундеслигата не се надоместува.

За нив и баражот, односно 16. позиција се недостижни, а во таков случај доаѓа и до пад на моралот и на амбициите.

Во Гелзенкирхен се свесни дека веќе мораат да се подготвуваат за настап во Втората лига, што е шанса за Баер да победи и да си ја подобри гол-разликата, која е прв фактор во случај да имаат ист број бодови со некој од конкурентите за излез во Европа.

И Фармацевтите не се во добра форма, но имаат одличен тим и играат против најслабиот тим во Лигата, ситуација што ќе ја искористат за убедлива победа, со предност на полувремето и во меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.35)

 

1804 Аугсбург – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Двете екипи се некако израмнети со квалитет, па и разликата меѓу нив е само еден бод во корист на Хофенхајм. Во таква ситуација, кога се уште го немаат обезбедено опстанкот, иако се во добра позиција, најважно и за Аугсбург и за Хофенхајм е да не се загуби.

Гостите имаат големи проблеми и најавено е дека нема да им играат 8 играчи, а неизвесен е и настапот на Крамариќ. Се заедно тоа е голем хендикеп, па Хофенхајм ќе биде принуден да игра претпазливо.

Аугсбург е еден од послабите домаќини во Бундеслигата, некако ми се чини дека и тие ќе бидат задоволни со нерешен резултат, па и покрај традицијата и шест меча по ред на кои имало победник во меѓусебните дуели ќе типувам на реми.

Предлог тип: Х (3.70)

 

1806 Лајпциг – Баерн (Сабота, 18.30 часот)

Тука ќе играм на изненадување, ако победата на домаќините е во тој домен. Лајпциг како тим и како клуб постојано расте, иако има многу противници во Германија.

Денеска имаат шанса да го победат Баерн, кој ќе игра без Роберт Левандовски, што за мене е ненадоместлив хендикеп во нападот на првакот.

Полјакот се докажа со брилијантни настапи во континуитет и многу ќе му недостасува на актуелниот шампион.

Играчите на Баерн имаат пеколен распоред на натпревари, сега ги чека и мега-двомечот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, што ќе почне во среда, па некако чуствувам дека ќе бидат поразени од Лајпциг, и дека трката за титулата во Бундеслигата ќе биде исклучително интересна.

Предлог тип: 1 (2.85)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести