Спортинг е огромен фаворит против тимот кого го нема победено на последните три меча

1008 Шефилд јунајтед – Арсенал (20 ч.)

Арсенал цел месец се нема израдувано на победа, па гостувањето кај последнопласираниот тим во Премиер лигата е вистинска можност да се врати самодовербата во тимот. Шефилд има седум порази во последните осум средби, во кои има постигнато само два гола.

Топчиите победиле на четири од последните шест меча со овој ривал и сега им е шанса за нова радост против тимот кој сигурно во следната сезона ќе игра во понизок ранг.

Предлог тип: 2 (1.63)

 

3009 Јувентус – Џенова (15 ч.)

Актуелниот италијански првак никако не смее да си дозволи кикс против Џенова, ако сака да остане со добри шанси за место во Лигата на шампиони за следната сезона. Старата дама има 11 победи во 15 меча сезонава на свој терен, а Џенова е тим кој на гости игра солидно и е со биланс од три победи, пет нерешени и шест порази.

Пред три месеци Џенова одигра 2:2 по 90 минути во Купот на Италија, што е знак дека Јувентус не смее да го потцени ривалот.

Предлог тип: 1&2-4 (2.06)

 

1807 Шалке – Аугсбург (15:30 ч.)

Шалке е без деветмина фудбалери кои се или повредени или суспендирани, па тоа е шанса за Аугсбург. По 27 одиграни кола, некогашниот прославен тим од Гелзенкирхен е „закован“ на дното на табелата и следната сезона ќе игра во Цвајте. Шалке има очајна одбрана и во просек прима речиси по три гола на меч.

Еден од четирите бодови што Шалке сезонава ги освои на гости е токму против Аугсбург (2:2) и сигурно сега се надеваат повторно на позитивн резултат.

Предлог тип: ГГ3+ (2.65)

 

1638 Валвијк – Ајакс (16:45 ч.)

Ајакс треба да продолжи во победнички ритам за да ја освои титулата во Холандија. Гигантот од Амстердам е посебно добар на гости сезонава и има 11 победи во 14 средби и дури 42 дадени гола (точно три во просек).

Вајвијк е тим кој загубил на 14 од последните 15 меча против Ајакс, а многу често прима и по три и повеќе голови.

Предлог тип: 2&4+ (1.99)

 

1544 Спортинг Лисабон – Фамаликао (21 ч.)

Спортинг не смее да ја изгуби шампионската предност, а никако не смее да киксира на свој терен. Фамаликао е тим кој знае да направи проблеми, а тоа го покажува и традицијата која вели дека има две победи и едно реми во последните три меча со гигантот од Лисабон.

Сепак, сега ситуацијата е поинаква, Спортинг дома има 10 победи и само две нерешени без пораз, па треба да стигне до трите бода.

Предлог тип: 1 &0-3 (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести