Стана милионер само со седум погодени меча за 5 евра уплата!

Дека секој ден може да биде многу среќен, потврдуваат три тикети кои беа уплатени во Sport Life во четвртокот, а на обложувачите им донесоа фантастични добивки. Гостивар уште еднаш потврди дека е град со одлични обложувачи. Во објектот Гостивар 6 беше уплатен тикет за 300 денари на кој имаше само седум натпревари. Комбинацијата на сите седум средби беше иста. Да победи домаќинот и на крајот да има постигнато барем три погодоци на мечот, па така и се случи.

МЕЧЕВИ БЕЗ НИМАЛКУ ДРАМА, МИРНО ПОГОДЕНА СЕДУМКА ЗА МИЛИОН

Наполи убедливо со 5:2 го победи Лацио во мечот кој требаше да биде дерби во Серија А. Лестер уште во првото полувреме даде три гола и ги реши сите дилеми против Вест Бромич албион и на крајот лесно победи со 3:0.

Домаќините беа доминантни и во Шпанија, па Гранада со 4:1 го победи Еибар, а Сосиедад уште во првото полувреме стигна до 2:1 против Селта Виго, резултат кој остана и до крајот. Тондела со 2:1 го победи Насионал во Португалија, резултат кој беше уште во 60-тата минута.

Митјиланд немаше никакви проблеми против Копенхаген и победи со 4:1, додека Вејле по 57 минути игра имаше 3:0 против Хорсенс и на овој меч немаше никакви драми. Сите седум погодени меча имаат коефициенти меѓу 2.60 и 4.75, што на крајот само за 300 денари, донесоа добивка од 1.000 000 денари!

ВО ГОСТИВАР ДОБИВКА И ОД 522.765 ДЕНАРИ, ПОГОДЕНИ МЕЧЕВИ И ОД ХОНДУРАС, КОСТАРИКА, БРАЗИЛ, ДОБИТЕН ГОЛ ВО 90+2 МИНУТА

Добитна комбинација од фиксови и погодоци има и уште еден обложувач во Гостивар 9. На 11 погодени натпревари, со „стотче“, добивката е неверојатни 522.765 денари. На овој тикет, освен мечевите од познатите европски првенства, има неколку дуели од првенствата на Јужна и Средна Америка.

Има погодено натпревари од првенствата на Хондурас, Костарика, Бразил… Најголемата драма на овој тикет е дуелот од бразилското првенство меѓу Сао Каетано и Понте Прета. Гостите победија со 2:1 за добитно Т2 2+, а интересно е кога погодуваа играчите на Понте Прета. Најпрво дадоа гол од пенал во 45+5 од првото полувреме, а до победата стигнаа со гол во 90+2 минута.

Погодени се и малку познатите мечеви, како тој меѓу Мунисипал Греција – Сан Карлос 2:1, каде што до 60-тата минута беа постигнати трите гола за 3+. И на Пењарол АМ – Принцеса до Солимоиш имаше три гола (1:2), а Сантос Гуапилес – Хередијано заврши 2:2, но битно беше домаќините да дадат два погодоци. Естудијантес Мадеирс загуби со 4:2 на гостувањето кај Херманос Мадеира, но важно е дека гостите постигнаа два гола за Т2 2+.

НА ПЕТ МЕЧА СОСТАВИ НЕВЕРОЈАТЕН КОЕФИЦИЕНТ ОД 5.355!

Во Крива Паланка има експерт за погодување високи квоти. Само на пет меча, успеа да погоди квота од 5.355 на ист начин. Тактиката била домаќините да дадат два гола во прво полувреме, па со 50 денари, стигна до добивка од 276.794 денари.

Погодени се мечевите Наполи – Лацио (2:0 на полувреме), Лестер – ВБА (3:0 на полувреме), Гранада – Еибар (2:0 на полувреме), Сосиедад – Селта Виго (2:1 на полувреме) и Барселона – Хетафе (3:1 на полувреме).

- Оглас -

Најнови вести