Ремито на Кристал Палас и Вест Хем го испрати Вулверхемптон во Чемпионшип

Во лондонската пресметка помеѓу Кристал Палас и Вест Хем немаше голови, а ова е исход кој не им одговара ни на едните ни на другите, и донесе тага и во Вулверхемптон, бидејќи Волците на пет кола до крајот веќе немаат ни теоретски шанси да останат во Премиер лигата во која играа осум години по ред.

На Палас победата му требаше во битка за излез во Европа, иако тие ќе имаат прилика да се најдат во Лига Европа и ако ја освојат Конференциската лига во која се полуфиналисти.

Вест Хем е во битка за опстанок, има два бода повеќе од загрозениот Тотенхем, а три помалку од Нотингам форест кој е оред нив.

Сега е јасно дека испаѓа Вулфс кој во следното коло игра со Тотенхем, а истата судбина (преселба во Чемпионшип) може да го снајде и Барнли веќе задутре ако загуби од Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести