Лисиците пак ќе го грабнат целиот плен на „Сент Мери“

1539 Тондела – Бенфика (Примеира, Португалија, 20 часот)

Тондела игра многу солидна сезона во Примеира, иако опстанокот се уште не е обезбеден. Избраниците на Пако Ајастеран особено добро играат на домашен терен каде се освоени 26 од вкупно 35 бода.

Бенфика се уште има шанси директно да оди во Лигата на шампионите, но не е фаворит, бидејќи има 4 бода помалку од второпласираниот Порто и дури 10 од лидерот Спортинг. Во Португалија првите две екипи директно се пласираат во ЛШ, а третопласираната ќе игра квалификации.

Шанси за Орлите да го претркаат големиот ривал Порто се уште има, бидејќи двата најтрофејни клуба во Португалија ќе имаат уште еден меч меѓусебе до крајот на првенството, а Бенфика ќе игра и со градскиот ривал Спортинг.

Затоа освен победа на „Жоао Кардозо“ вечерва не смее да има поинаква опција за Бенфика, екипа која има само еден пораз од Тондела во сите меѓусебни дуели досега.

Домаќините се опасна екипа, го имаат третиот стрелец во Лигата, Марио Гонзалес и ќе типуваме дека ќе постигнат барем еден гол, но нема да победат.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.07)

 

1881 Вердер – Лајпциг (Германски куп, полуфинале, 20.30 часот)

Вердер е вториот најтрофеен клуб во германскиот куп со шест пехари, само зад рекордерот Баерн Минхен, но денеска е апсолутен аутсајдер против Лајпциг, иако ќе игра на својот „Везер“ стадион.

Градот Лајпциг чека куп-трофеј цели 85 години, откако единствениот го освои Локомотива Лајпциг во 1936 година. Вердер мора да мисли и на натпреварите од Бундеслигата каде со серија од 7 порази се доведе во ситуација да стравува за опстанокот.

Лајпциг беше убедлив против тимот од Вердер сезонава и ги доби двата меча во Бундеслигата со вкупен резултат од 6:1.

Иако за куп натпреварувањата се вели дека се сосема поинакви од првенствените и често и аутсајдерите знаат да изненадат, типуваме дека тоа нема да се случи денеска на „Везер“ и дека Лајпциг ќе биде првиот финалист во популарниот ДФБ Покал.

Предлог тип: 2 (1.37)

 

1001 Саутемптон – Лестер (Премиерлига, Англија, 21 часот)

Со победа против Ливерпул на 4. јануари Саутемптон најави добра година, но потоа комплетно потона со само уште два триумфи на вкупно 15 натпревари.

Таквиот тек на настаните ги доведе Светците до ситуација да се борат за опстанок, иако со 9 бода предност и шест натпревари до крајот на сезоната веројатно ќе се спасат.

За разлика од нив Лестер со сигурни настапи граби кон настап во Лигата на шампионите. Токму Лисиците со победа од 2:0 на 16.јануари му најавија тека сезона и 2021 година на Саутемптон, а и денеска се фаворити за победа.

Пред две години на „Сент Мери“ се случи чудо и Лестер славеше со 9:0 како гостин, а хет-трик постигнаа Варди и Перес. Денеска веројатно Саутемптон нема да си дозволи таков дебакл, но пак ќе загуби од Лисиците.

Предлог тип: 2 (2.10)

 

1303 Селта Виго – Леванте (Ла Лига, Шпанија,21 часот)

Селта сигурно ќе биде подобропласираната од 17. место што им беше позицијата во последните две изданија на Ла Лига. Клубот од Виго дури има убави шанси да биде во горната половина во една од најсилните лиги на светот.

И Леванте е во слична позиција, иако моментно се 12-ти, но нивниот проблем е што играат лошо во последно време. Барди и соиграчите се радуваа само на пет победи во шпанското првенство во овие четири мессеци од 2021 година.

Се чини дека и двете екипи имаа поголем потенцијал од моментните позиции на табелата и тоа ќе треба да го покажат вечерва на „Балаидос“, каде би требало да има голови.

На последните шест меѓусебни дуели на Селта и Леванте секогаш имаше барем по еден погодок на двете страни, па тоа ќе биде и нашиот тип за премиерниот меч од 34. коло во Ла Лига.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

1540 Порто – Фамаликао (Примеира, Португалија, 22.15 часот)

Португалската лига сезонава има две чуда, а едната е во режија на Порто. Змаевите се непоразени на 24 меча по ред во Примеира и дури и со таков биланс ја немаат најдобрата серија во домашното првенство, бидејќи лидерот Спортинг нема ниту еден порез во досегашните 29 кола.

Трката токму на овие две екипи за титулата е возбудлива, иако голем фаворит на пет кола до крајот е тимот од Лисабон со позитива од шест бода пред Порто.

Во таква ситуација Порто мора да го победи Фамаликао, тим кој нема пораз на последните три гостувања, а освои одлични 18 бода како гостин сезонава.

Сепак тимот на Порто има и подобри и поискусни играчи и типуваме дека ќе победи и ќе даде најмалку два гола.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.61)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести