Лазаров: Да победиме за поубав Велигден

Македонската ракометна репрезентација ќе го продолжи континуитетот на големи натпреварувања, откако обезбеди место на завршницата на Европско првенство. В недела, Македонија во последното коло ќе игра против Швајцарија, меч на кој треба да го потврдиме првото место во групата.

Селекторот и капитен, Кирил Лазаров, најави дека ќе биде прекрасно да се заврши квалификацискиот циклус со победа и тоа на Велигден.

„Имав чувство дека играме лошо на дуелот против Финска, но по двапати прегледани натпревари, заклучив дека одигравме добар меч и офанзивно и дефанзивно, во сите сегменти на ракометната игра. Потфрливме единствено во нашата реализација, на што ќе работиме да не се повтори на мечот со Швајцарија. На сите ќе им значи да победиме против Швајцарија. Се работи за екстра квалитетна селекција, која на последното СП направи проблеми на сите ривали. Не е истата што ја победивме во октомври пред СП. За Велигден да дадеме еден квалитетен меч, да победиме и триумфално да го завршиме овој циклус“, рече Лазаров пред денешниот тренинг.

Поради повреда, на последниот меч нема да игра Дејан Манасков кој е ослободен од обврските. Лазаров најави дека по утрешниот тренинг ќе одреди со кои 16 играчи ќе играме против Швајцарија в недела.

- Оглас -

Најнови вести