Победа против Кротоне и пораз на Аталанта им го носи Скудетото – Интер сонува совршен празничен викенд

3002 Кротоне – Интер (Италија, Серија А, 18 часот)

Ќе биде светско чудо ако Интер не го освои Скудетото и тоа е реално веќе готова работа, а Нероаѕурите можат веќе викендов и да бидат крунисани во нови прваци на Италија.

Тоа ќе се случи ако денеска го победат последнопласираниот тим во Серија А, а утре Аталанта загуби на гостувањето кај Сасуоло.

Во тој случај Интер на четири кола до крајот би бил недостижен со 12 бода предност пред Бергамашите, бидејќи има подобар меѓусебен биланс од нив сезонава.

Кротоне е веќе испаднат и ќе игра само за престиж. Имаат солидни напаѓачи, па можат и да постигнат гол(ови), но ќе загубат од лидерот и речиси сигурно и нов шампион на Италија.

Предлог тип: 2&3+ (1.58)

 

1004 Челзи – Фулам (Англија, Премиерлига, 18.30 часот)

Челзи е во ситуација да мора да оди на победа против Фулам, но и да штеди сили за реванш-полуфиналето во Лигата на шампионите што ќе го играат против Реал Мадрид на „Стемфорд Бриџ“ на 5. мај.

Сините од Лондон не смеат да си дозволат кикс против градскиот ривал денеска, бидејќи можат да си го загрозат учеството во ЛШ за следната сезона.

Томас Тухел не може да смета на Ковачиќ, веројатно и ќе одмори некого од стандардните првотимци, а тоа за Германецот на клупата на Челзи и нема да биде проблем, бидејќи има квалитетни замени.

Фулам исто така не смее да загуби, бидејќи пораз денеска на „Стемфорд Бриџ“ речиси сигурно ќе значи пат во понизок ранг на натпревари. Проблем за нив е што не знаат како е да се победи Челзи веќе 21 година, односно од 2006 кога последен пат славеа во градското дерби против нив. Оттогаш двете екипи одиграа дури 19 меѓусебни натпревари во Премиерлигата и Челзи победи на 12, а нерешено завршија 7.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

1306 Уеска – Реал Сосиедад (Шпанија, Ла Лига, 18.30 часот)

Ова ќе биде само четвртиот меч меѓу Уеска и Реал Сосиедад во Ла Лига и многу пореномираните Баски немаат пораз.

Реал Сосиедад веќе освои еден пехар сезонава, а интересно е што го има епитетот лански, во финалето на купот против Атлетик Билбао. Гостите можат да играат порелаксирано, а имаат подобар тим од Уеска, екипа што бие голема битка за опстанок.

Уеска моментно е претпоследна, имаат и незгоден распоред до крајот на сезоната, па ова може да им биде и клучен меч во обидот да избегнат испаѓање.

Домаќините мора да играат на победа, Реал Сосиедад има поквалитетен тим и некако испаѓа дека реално сценарио е да се тресат мрежите и на Фернандес, голманот на Уеска и на Ремиро, кој го брани голот на тимот од Сан Себастијан,

Предлог тип: ГГ (1.81)

 

1005 Евертон – Астон Вила (Англија, Премиерлига, 21 часот)

Евертон е во позиција дури и да бие битка за четвртото место што води во Лигата на шампионите, но до крајот на шампионатот мора да победува и да се надева на кикс на конкурентите.

Карамелите имаат ривал како по мерка за да освојат важни бодови. Од Астон Вила немаат загубено на „Гудисон парк“ од 2008 година, односно на последните 8 меча кога му биле домаќини на клубот од Бирмингем.

Астон Вила се надева дека ќе може да игра во Конференциската лига, новото натпреварување на УЕФА од идната сезона. Ќе типуваме дека ќе успеат да постигнат гол(ови), но нема да победат и по деветти пат по ред на Гудисон во Ливерпул.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.24)

 

1703 Лил – Ница (Франција, Лига 1, 21 часот)

Лил прегрме исклучително важно гостување во Лион со победа од 3:2, на начин што ќе му даде голем потстрек на лидерот да издржи уште четири кола и да ја освои титулата.

Избраниците на Кристоф Галтие славеа во дербито против Лион, иако по само 35 минути игра губеа со 0:2. Пресвртот и победата против директен конкурент за титулата ќе им даде крилја на Јилмаз, Давид, Иконе, Санчес и останатите играчи на Лил да го победат незгодниот тим на Ница и да останат на врвот, пред ПСЖ и Монако кои им се главни конкуренти за пехарот во Лига 1.

Лил тешко игра со Ница, тоа важи и за натпреварите на домашен терен, но шансата да се освои шесттата титула во Франција и прва по 10 години е огромна. Типуваме единица и дека лидерот во Франција нема да се менува и по 35. коло.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

- Оглас -

Најнови вести