Арсенал знае како да го елиминира Вилјареал, во Лондон се очекува хет-трик

1802 Херта – Фрајбург (Бундеслига, Германија, 18 часот)

Херта игра во забрзан ритам поради проблемите со ковид-19, што го одведоа целиот тим во карантин, па им беа одложени три натпревари. Со Мајнц веќе одиграа, и тоа нерешено, а денеска на ред е вториот меч што беше пролонгиран.

Тимот од главниот град на Германија нема право на кикс и мора да победи ако сака да побегне од опасната зона. Добро за Херта е што има релативно лесен распоред до крај на првенството и ако успее да го победи Фрајбург, денеска ќе биде многу блиску до опстанок.

Проблем може да им биде физичката кондиција, бидејќи беа во 14-дневен карантин, што ќе биде предност за гостите.

Фрајбург има теоретски шанси за настап во Лигата на Европа, но реално би било чудо ако се случи тоа. Немаат победа како гости на Херта од 2015 година, а ќе типуваме дека и тие и домаќините ќе постигнат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

1541 Бенфика – Порто (Примеира, Португалија, 19.30 часот)

На ред е големото португалско дерби меѓу двете најтрофејни екипи во земјата на актуелниот европски првак. Интересно е што исходот од овој меч со нетрпение ќе го чека и третиот португалски гигант Спортинг.

Ако победи Бенфика, тогаш Спортинг ќе биде првак, но и Порто има голем адут да атакува на триумф што ќе му донесе сигурен настап во Лигата на шампионите бидејќи во таков случај ќе имаат дури 7 бода повеќе од Бенфика и речиси сигурно второ место во Примеира.

Бенфика нема победа против Порто на последните пет меѓусебни дуели, а Орлите ќе бидат под поголем притисок. Им одговара само победа за да намалат на еден бод негатива во однос на големиот ривал во битката за второто место, кое води директно во Лигата на шампионите.

Најчесто дерби-дуелите на двете екипи со вкупно 68 шампионски круни (Бенфика 37, Порто 29) се многу неизвесни, се игра цврсто, често и грубо, па заради важноста и на овој меч тешко дека нешто ќе се смени.

Типуваме дека гол-два во второто полувреме ќе го решат исходот на големото португалско дерби.

Предлог тип: 2>1 (2.05)

 

6021 Арсенал – Вилјареал (Лига на Европа, полуфинале, 21 часот)

Ако Арсенал го елиминира Вилјареал, тогаш речиси сигурно за двата клупски пехари во Европа ќе играат четири англиски екипи. Топчиите на некој начин се извадија на првиот меч, откако губеа со 2:0 од Вилјареал и имаа играч помалку, но сепак постигнаа гол за надеж и во реваншот во Лондон ќе тргнат со 1:2.

А дека има надеж, потврдува и традицијата во меѓусебните дуели меѓу Арсенал и Вилјареал. Топчиите двапати во два двомечи во Лигата на шампионите ја потопија Жолтата подморница.

Првиот пат тоа се случи во полуфиналето во ЛШ во 2006 година, а вкупниот резултат од 1:0 му донесе финале на Арсенал, што потоа го загубија од Барселона со 1:2

Потоа во 2009 година во четвртфиналето во ЛШ клубот од Лондон беше поубедлив и со вкупен резултат од 4:1 пак го елиминира Вилјареал. Интересно е тоа што тогаш Топчиите играа за финале против Манчестер јунајтед и беа елиминирани, па ако сега по третпат бидат подобри од шпанскиот ривал, речиси сигурно ќе играат со Црвените ѓаволи за пехарот во Лигата на Европа.

Вилјареал се чини дека ја пропушти шансата на првиот меч, кога можеше да го декласира Арсенал, па и со почит кон традицијата ќе типуваме дека премиерлигашот ќе победи денеска.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

6022 Рома – Манчестер јунајтед (Лига на Европа, полуфинале, 21 часот)

Во фудбалот никогаш предвреме не може да се каже дека и предност од 6:2 е гаранција за пласман понатаму, но се чини дека двомечот меѓу Манчестер јунајтед и Рома заврши на „Олд Трафорд“.

Гигант како Манчестер тешко ќе прокоцка предност од 4 гола, особено на меч без публика. Рома и буквално потона во второто полувреме на „Олд Трафорд“ кога прими дури пет гола, па сега ќе игра само за престиж.

Во порелаксирана атмосфера, кога финалистот е веќе познат, се очекува повторно да има многу голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.76)

 

1542 Фаренсе – Гимараиш (Примеира, Португалија, 21.30 часот)

Гимараиш има поквалитетна екипа од Фаренсе и убава серија од пет меча без пораз во меѓусебните дуели, но мотивите се на страната на домашниот тим.

Фаренсе се бори за опстанок, додека Гимараиш речиси и да нема шанси за настап во европските купови. Клубот од Фаро има незгоден распоред до крајот, па на овој меч мора да фрли се на една карта и да се оди на победа.

Заради квалитетот на Гимараиш, кој е подобар од тој на ривалот, ќе искомбинираме и со „нула“, а типуваме дека и гостите ќе дадат барем еден гол, но и дека нема да победат.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.45)

 

 

- Оглас -

Најнови вести