Супер типот на Sport Life е во знакот на фудбалот: Португалски Орли против Змејови во 8 варијанти

Супер типот на Sport Life денеска е во знакот на фудбалот, а понудата е богата со 16 натпревари од различни континенти. Доминираат европските дуели, но стартот е со меч од австралиската лига меѓу Мелбурн Виктори и Мекартур од 11.05 часот.

Има и натпревари од Јужна Африка, Перу, од Копа Либертадорес и Копа Судамерикана во Јужна Америка, но во фокусот се три европски дуели.

Посебно богата е понудата за португалското дерби меѓу Бенфика и Порто од 19.30 часот и за тој меч имате избор во 8 различни варијанти и игри. Битката на 37-кратните шампиони од Лисабон и 29-кратниот првак од Порто ќе биде многу интересна, ривалитетот е голем, а бодовите се исклучително значајни во битката за второто место и за директен пласман во Лигата на шампионите.

Се играат и двете реванш-полуфиналиња во Лигата на Европа, а фаворити се англиските екипи Арсенал и Манчестер јунајтед, па можеби вашиот избор за џокер со специјален коефициент ќе биде токму еден од тие два меча што Топчиите го играат против Вилјареал, а Црвените ѓаволи против Рома.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести