Стартот на новата работна недела нека тргне со многу голови

1111 Фулам – Барнли (21ч)

Фулам претрпе пет порази во последните шест кола во кои освои само еден бод, па мисијата да се обезбеди опстанок е на граница на невозможното. На „Крејвин котиџ“ гостува Барнли, тимот кој е пред Фулам на табелата со девет бода предност, а е за нијанса во подобра форма, или подобро кажано во помалку лоша форма.

Во јануари годинава Барнли гостуваше кај Фулам во ФА купот и триумфираше со 3-0, меѓутоа во премиерлигашки рамки тимот на Шон Дајш не знае за победа кај Куќарите. Ако се гледа според последните седум меѓусебни дуели, тип на голови е најсигурна игра бидејќи во шест од седум наврати мечевите на овие екипи завршувале со просек од три погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.45)

 

1310 Бетис – Гранада (21ч)

Бетис нареди шест нерешни натпревари во шпанското првенство и време е да победи за да се наметне во битката за пласман во Лигата на Европа. Гранада може да се пофали со успешна сезона и во шампионатот и на меѓународната сцена, па последните кола ќе ги играат само за престиж.

Гранада само еднаш загуби во последните пет гостувања на „Бенито Вилјамарин“ и само еден во еден меч немаше голови, додека на останатите просекот е три гола.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.45)

 

1545 Порто – Фаренсе (21:15ч)

Иако математички уште има шанси, Порто знае дека сезонава Спортинг ќе биде првак, но треба да се осигури пласманот во Лигата на шампионите.

Змејовите треба да го испратат Фаренсе во понискиот фудбалски ранг во Португалија и да ја ја запише петтата последователна победа против оваа екипа во улога на домаќин. Порто досега нема примено гол на „Драгао“ од Фаренсе, во победите славеше трипати со 2-0 и еднаш со 5-0.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.98)

 

1820 Хамбургер – Нирнберг (20:30ч)

ХСВ западна во кризен период и е без победа во претходните пет кола во кои освои само три бода од нерешени исходи, па сега прашање е дали ќе може да го стигне третото место кое води во разигрувањата за пласман во Бундеслигата.

За разлика од домаќините, Нирнберг веќе два месеци нема загубено првенствен натпревар, но гостинска победа кај ХСВ нема остварено од август 2012 година, кога двете екипи беа дел од германската елита. Прилично голем е ризикот тука да се типува фикс, па нека мечот го украсат повеќе гола.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.81)

 

1320 Рајо Валјекано – Леганес (19ч)

Тимот на Столе Димитриевски вечерва мора да победи и да излезе од кризниот период во кој не победија во последните четири кола. Само еден бод заостанува Рајо зад местото кое води во разигрувањата за враќање во елитата, па за да се докаже дека Столе и дружината заслужуваат да бидат таму, треба да го совладаат Леганес, кој е во доста посигурна ситуација од домаќините.

Ако се гледаат само лигашките меѓусебни дуели, во последните пет дуели само еднаш имало повеќе од два гола, што значи дека нијанси одлучуваат меѓу Леганес и Рајо. Затоа и вечерва може да решава еден до два гола.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.04)

- Оглас -

Најнови вести