Флорида и Тампа беј пак одат на јуриш, ќе има голови на големото дерби во НХЛ

8001 Индијана пејсерс – Шарлот хорнетс (Плејоф НБА, 00.30 часот)

Индијана го почнува плејин-турнирот во подобра форма од Шарлот, но и со негативен биланс во меѓусебните дуели сезонава од 1:2 во победи.

Ноќеска ќе одлучуваат нијанси на две израмнети екипи, кои имаат императив да победат. Поразениот тим ќе се прости од шансите да игра во плејофот за титулата, а победникот ќе има уште еден меч на плејин турнирот, финале против поразениот од мечот меѓу Бостон и Вашингтон, а потоа ќе настапи во плејфот против Филаделфија 76.

Ваквите мечеви се многу поинакви од тие во регуларниот дел, сега ќе се игра и подобра одбрана, па ќе типуваме на минус поени.

Предлог тип: <230.5 поени (1.57)

 

8455 Бостон селтикс – Вашингтон визардс (Плејоф НБА, 03 часот)

За победникот на овој меч следува автоматско учество во доигрувањето за титулата и плејоф-серија со Бруклин нетс, второрангираната екипа во Источната конференција.

И поразениот тим не испаѓа веднаш, туку ќе има и втора шанса за плејоф во нокаут-меч со победникот од дуелот меѓу Индијана и Шарлот.

Бостон има за нијанса подобра екипа од Вашингтон, но и Визардс се опасни со две големи ѕвезди во тимот. Расел Вестбрук блеска и има трипл-дабл просек во регуларниот дел од сезоната.

Ако Рас игра во формата што ја прикажуваше во финишот и ако Бредли Бил се распука како што знае, Бостон ќе има многу проблеми. Двете екипи си имаат препознатливо ривалство и пет меча по ред со релативни малку поени за екипи од напаѓачки калибар.

Се игра важен меч што носи плејоф и ќе типуваме и шести минус во поени по ред на дуелите меѓу Келтите и Волшебниците.

Предлог тип: <236.5 поени (1.61)

 

8458 Питсбург пингвинс – Њујорк ајландерс (Плејоф НХЛ, 01.30 часот)

Голема драма имаше во „Пејнтс арената“ во Питсбург на првиот меч во плејоф-серијата на две одлични екипи. Островјаните направија брејк со победа од 4:3 по продолженија со златниот гол на Палмиери и ја анулираа предноста на Питсбург од еден меч повеќе на домашен терен.

Пингвините имаат проблем со Евгени Малкин, една од главните НХЛ ѕвезди во последните десеттина години. Рускиот репрезентативец е повреден, што е хендикеп за нападот на Питсбург.

Ајландерс им покажаа заби на фаворитите, но вечерва е ред на Крозби и соиграчите да израмнат на 1:1 и да останат во игра за пласман во следната фаза во плејофот.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

8459 Флорида пантерс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 02 часот)

Актулениот шампион Тампа беј покажа колку се различни натпреварите во плејофот од тие во регуларниот дел на сезоната.

Популарните Грмотевици и буквално страдаа на последните три меча против локалниот ривал Флорида, ги загубија тие дуели со вкупна гол-разлика од 14:4, но кога беше важно, победија.

Серијата почна со триумф на шампионот со 4:5 во многу возбудлив дуел, на кој постојано имаше пресврти, а го реши Брејдан Поинт со два гола во последните 7 минути од мечот.

Поинт е златниот џокер на Тампа, хокеар кој и лани со одлучувачки голови го водеше тимот до шампионската круна.

Флорида и покрај поразот, одигра одличен хокеј и не е без шанси против првакот. Овде мириса на реми во регуларниот дел, но подобра варијанта е да се одигра на плус голови во дуел на две одлични екипи.

Предлог тип: >5.5 гола (1.75)

 

8460 Вегас голден најтс – Минесота вајлд (Плејоф НХЛ, 04 часот)

Вегас и пред стартот на шампионатот и пред почетокот на плејофот беше апострофиран како еден од главните кандидати за титулата, но веднаш налета на мина.

Со голот на Џоел Ериксон, Вајлд го победија Вегас во продолженија, а интересно и како вистински раритет е што мечот заврши 0:0 во регуларниот дел.

Минесота е многу незгоден ривал за Вегас, мечевите во последно време често завршуваа нерешено или со победа на еден од двата тима со еден гол разлика, па повторно може да биде драматично како на првиот меч.

Многу е важно и за Минесота и особено за Вегас да се победи во вториот меч, па повторно типуваме дека ќе има рововска битка со малку голови.

Предлог тип: <5.5 гола (1.75)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести