Фудбалот против дискриминација поддржано од ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Комисија за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и македонскиот центар за меѓународна соработка потпишаа меморандум за заедничка соработка во полето на промоција на еднаквоста, превенцијата и заштитата од дискриминација во Република Македонија преку зголемување на јавната свест, информирање и едукација.

ФФМ и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација започнуваат со реализација на проектот Промоција на еднаквоста во Македонија преку кампањата „Фудбалот против дискриминацијата“.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешната промоција на кампањата истакна:

Фудбалот е игра која мора да биде достапна за секого, без оглед на тоа: кој пол е, која националност, koja верска припадност. Дали има инвалидитет, кој е, од каде доаѓа и како игра. Во фудбалот нема место за каква било дискриминација. Нашата игра зближува различни националности и вероисповеди.

Праќаме силна порака за поддршка на различноста и за давање еднакви можности за ситe. Верувам дека сите се стремиме кон целта да направиме сѐ по натпреварите да се зборува само за фудбалот. Гласно кажуваме ДА за ЕДНАКВОСТА.

Овој период, кога целото внимание на јавноста е насочено кон фудбалерите и нашиот настап на Европското првенство, е совршена можност повторно да ја пратиме оваа порака и да ја славиме различноста“.

Весна Бендевска, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата, истакна дека КЗСД има обврска за воспоставување соработка со партнери за остварување на принципот на еднаквост и унапредување на спречувањето и заштитата од дискриминацијата.

ФФМ во своето делување е веќе докажана општествено одговорна организација која учествува во бројни кампањи чија цел е создавање подобро општество со еднакви можности за сите. Пандев, Адеми, Елмас и останатите фудбалери станаа синоним за заедништво, пријателство и меѓусебна почит. Како Комисија сметаме дека во моментот фудбалската репрезентација на Македонија претставува вистински пример за градење повисока култура на еднаквост и разбирање меѓу сите граѓани во Македонија“.

Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), институција која ја финансираше кампањата и промотивните видеоспотови, истакна дека МЦМС секогаш ќе прави напори за поддршка на вакви проекти, како што реализирале и во минатото, а имаат цел да ја подигнат свесноста против секаков вид дискриминација ,без разлика дали е национална, родова, партиска и каква било.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести