Не е за верување дека може да има ваков автогол (Видео)

Репрезентацијата на Канада чекаше 24 години за конечно да успее да се избори за место во главната рунда од квалификациите на едно Светско првенство. Овој успех на Канада дојде по победата од 3:0 против Хаити, а во двомечот вкупно слави со 4:0.

Дуелот ќе се памти по автоголот што го постигна голманот на Хаити на почетокот на второто полувреме. Тој погодок беше за водство на Канада од 1:0, а домаќините до крајот погодија уште двапати. Неверојатниот автогол на крајот се покажа како клучен момент на средбата.

https://twitter.com/i/status/1405056020691443713

- Оглас -

Најнови вести