Кими Антонели со пол-позиција и за трката во Мајами

Кими Антонели продолжува со импресивната форма во Формула 1, откако ја освои третата последовна пол-позиција и ќе тргне од првото место на стартот за трката во Мајами.

Младиот возач на Мерцедес доминираше во квалификациите и постави најдобро време од 1:27.798 минути. Интересно е што Антонели не го возеше својот втор брз круг во завршната фаза, и покрај тоа што дел од конкурентите успеаја да ги подобрат своите времиња, но неговиот резултат остана недостижен.

Најблиску до него беше Макс Ферстапен од Ред Бул, кој заостана само 0.166 секунди и беше единствениот што се спушти под границата од 1:28.

Веднаш зад водечката двојка следуваше Шарл Леклер во болидот на Ферари, а потоа стартната низа ја дополнуваат Ландо Норис, Џорџ Расел, Луис Хамилтон и Оскар Пјастри, заедно со неколку млади имиња кои изненадија во квалификациите.

Сепак, трката останува под прашалник поради најави за силни грмотевици и нестабилно време во Мајами. Организаторите размислуваат за можност стартот да биде поместен порано од планираното, доколку временските услови се влошат.

- Оглас -

Најнови вести