Ленс не го искористи киксот на ПСЖ, откако ремизираше против Ница

Ница и Лeнс одиграа без победник 1-1 во натпревар кој донесе возбудлив финиш во Лига 1.

Лeнс пропушти голема шанса да се доближи на само четири бода од водечкиот ПСЖ, особено по ремито на парижаните против Лориен. Иако гостите имаа водство и контрола во поголем дел од мечот, на крајот мораа да се задоволат само со бод.

Во првиот дел се играше внимателно од двете страни, со неколку полушанси, но без реализација. Резултатот беше отворен дури во 60-тата минута кога Томасон испрати одлично додавање до Сен-Максиман. Голманот на Ница излезе непромислено, напаѓачот на Ленс го заобиколи и мирно погоди за 0-1.

Гостите имаа шанса да го решат натпреварот во 71-та минута, кога Тован се обиде со лоб од над 20 метри, но наместо мрежата ја погоди гредата.

Ситуацијата се промени во 81-та минута. Абдулхамид како последен играч направи прекршок врз Диоп на работ од шеснаесетникот и доби директен црвен картон, оставајќи го Ленс со играч помалку.

Ница ја искористи бројната предност. Диоп шутираше од слободен удар, топката се одби од живиот ѕид и стигна до Абди, кој откосо од левата страна ја смести во мрежата за конечни 1-1.

Со овој бод, Ленс пропушти шанса да го зголеми притисокот врз ПСЖ, додека Ница освои многу важен бод во борбата за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести