Македонија нема да загуби од Украина, комбинирано со 3+ има одличен коефициент во Sport Life

6791 Украина – Македонија (ЕП, 15 часот)

И двете селекции немаат простор за многу калкулации, иако и реми им дава надеж за пласман понатаму. Македонија загуби со 1:3 од Австрија и е во понезгодна позиција од Украинците, кои беа поразени од првиот фаворит во Ц групата, Холандија, со 2:3.

Кој ќе победи, ќе има убави шанси за пласман во вториот круг бидејќи таму се оди и од третата позиција во групата, ако во конечниот пласман бидат меѓу четирите најдобри трети селекции од вкупно шест групи.

Македонија одигра солиден деби меч на Европските првенства, но две грешки во последната фаза од мечот нè чинеа пораз. Предводени од капитенот Горан Пандев, можат да им се спротивстават на Украинците, иако ривалот е фаворит според коефициентите.

Предлог тип: Х2&3+ (7.25)

 

6792 Данска – Белгија (ЕП, 18 часот)

Белгија ја победи Данска на „Паркен“ во Копенхаген со 2:0 пред неполна година во меч од Лигата на нации и повторно е фаворит и сега во второто коло на ЕП.

Црвените ѓаволи лесно ја победија Русија во Санкт Петербург со 3:0 и сега пак ќе играат со еден од организаторите на турнирот.

Данска имаше голем малер на првиот меч, се случи страшниот настан со Кристијан Ериксен, кој, за среќа, заздравува, но Финците ја искористија траорната ситуација и победија со 1:0.

Данска не смее да загуби бидејќи со два порази во првите две кола ќе биде пред елиминација од ЕП, но против Белгија е тешко да се надевате на подвиг и победа.

Црвените ѓаволи се меѓу топ-фаворитите и типуваме дека ќе победат, а мечот ќе го решат во второто полувреме.

Предлог тип: Х-2 (4.80)

 

6793 Холандија – Австрија (ЕП, 21 часот)

Со победа на овој меч се оди во втор круг бидејќи со шест бода речиси е и загарантиран настапот во осминафиналето. Австријците играа во Букурешт против Македонија и потоа заминаа за Амстердам, додека Холандија си ги чека сите противници во првата фаза на арената „Јохан Кројф“, што е предност за Лалињата.

Австрија ја има победено Холандија во 1957 година и уште еднаш 27 години подоцна, и тоа е се за нив во 10 меѓусебни дуели. Лалињата имаат шест победи и двапати одиграа нерешено.

Не се знае дали ќе може да игра Матајс де Лихт, а кај Австрија сигурно нема да настапи Арнаутовиќ, по казната од УЕФА од еден меч за навредите кон Алиоски.

Кај двете селекции одбраната делуваше како најслабиот дел во првото коло, па ќе типуваме дека ќе има барем по еден гол на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.87)

 

5711 Колумбија – Венецуела (Копа Америка, 23 часот)

Селекција што може да си дозволи напаѓачи од калибарот на Дуван Запата и Луис Муриел да бидат резерви во првото коло на Копа Америка, мора да се вброи во редот на фаворитите за титулата.

Колумбија има само една титула освоена точно пред 20 години, а сега е во првиот ред најсериозни кандидати за пехарот.

Имаат одличен состав и широк ростер, на кормилото од јануари се врати Рејналдо Руеда и со право се надеваат дека можат далеку да стигнат.

Интересно е што Венецуела ја победи Колумбија на последниот меѓусебен дуел што го играа на Копа Америка, но нема многу успеси во вкупниот биланс.

Венецуела загуби од Бразил со 0:3 во првиот меч на ова издание на Копа Америка и типуваме дека веќе ги чека и втор пораз.

Предлог тип: 1 (1.32)

 

3530 ФК Минск – Енергетик (Белорусија, 17 часот)

Минск е екипа што е меѓу најслабите кога се работи за дефанзивата и прима многу голови, но и нападот функционира добро, па некако има баланс и засега е на солидното осмо место.

Веднаш зад нив е Енергетик со еден бод помалку и со серија од три победи по ред. И двете екипи се во солидна форма, а победа би им донела и продор во горниот дел од табелата, па нема причина за калкулации денеска на стадионот „Торпедо“ во Минск.

На последните меѓусебни дуели често имаше три и повеќе голови и очекуваме нов меч со многу погодоци.

Предлог тип: 3+ (1.71)

 

- Оглас -

Најнови вести