Португалскиот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата од страна на Здружението на фудбалски новинари.
Фернандеш доби дури 45% од гласовите, победувајќи ги Деклан Рајс од Арсенал и Ерлинг Халанд од Манчестер сити. Бруно стана првиот играч на Јунајтед кој ја освоил наградата по Вејн Руни во 2010 година. Пред нив, од Црвените ѓаволи оваа награда ја фобивале и Кристијано Роналдо, Теди Шерингам, Рој Кин, Ерик Кантона, Џорџ Бест, Боби Чарлтон и Џони Кери.
Оваа сезона, 31-годишниот Бруно Фернандеш одигра 34 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи 8 гола, а имаше и 21 асистенции.
Португалскиот репрезентативец одигра клучна улога во подобрувањето на формата на Јунајтед под водство на привремениот менаџер Мајкл Карик. Јунајтед втора сезона по ред ќе биде без трофеј, но обезбедија место во Лигата на шампионите за следната сезона.

