Фрозиноне ја победи Мантова со 5-0 и на феноменален начин со своите навивачи го прослви враќањето во италијанската Серија А.
Фрозиноне последен пат беше прволигаш во сезоната 2023/2024. Минатата сезона требаше да играат плејаут за опстанок, но се спасија од испаѓање откако на Бреша и беа одземени бодови. Оваа сезона, Фрозиноне играше одлично и заедно со Венеција директно влегуваат во Серија А, додека шест тима ќе разигруваат за едно слободно место во елитата.
Испааднаа Пескара, Специја и Реџана, а Бари со победата вечерва се спаси, барем засега, му претстои плеј-аут со Судтирол.

