Каква луда серија на Панатинаикос – Валенсија, сите четири меча ги добија гостите

Валенсија и по вторпат го победи Панатинаикос во Атина, изедначувајќи на 2-2 во оваа луда четвртфинална серија во која ПАО водеше 2-0 по две победи во Шпанија, а Валенсија врати со две победи во грчката престолнина, во салата во која ќе се игра фајнал-форот.

Валенсија до мајсторка на свој терен се избори благодарение на победата од 89-86. Монтеро со 29 поени и по 7 скока и асистенции беше јунак на мечот. Во последната секунда Панатинааикос имаше шанса да изедначи, но обидот на Хејс-Дејвис од голема далечина не беше прецизен.

Подобриот од Валенсија – ПАО, во полуфиналето во Атина ќе игра против Реал Мадрид.

Позната е едната полуфинална двојка на фајнал-форот, Олимпијакос ќе се сретне со Фенербахче. Фенер со 3-1 во победи го елиминираше Жалгирис, денеска европскиот првак победи на гости во Литванија по петминутно продолжение со 94-90.

- Оглас -

Најнови вести